Уште едно чудо во Туркије: На осмиот ден од урнатините спасен 35-годишен маж

February 13, 2023
1 min read

АДИЈАМАН (АА) – Буњамин Идаџи, 35-годишен маж од турскиот град Адијаман, е извлечен жив од урнатините 177 часа по земјотресот, јавува Анадолу.

Во Адијаман, една од десетте турски области што на 6 февруари беа разурнати од силните земјотреси со јачина од 7,6 и 7,7 степени, со епицентар во Кахраманмараш, продолжуваат напорите за потрага и спасување на преживеаните од невидената катастрофа.

Уште едно вистинско чудо се случи во Адијаман, каде 20 турски рудари ги пребаруваат урнатините на осумкатница. Откако слушнале гласови под урнатините, ја интензивирале работата и 177 часа по земјотресот, од урнатините е извлечен 35-годишниот Буњамин Идаџи, кој бил префрлен во болница.

Членовите на тимот за спасување кои го спасија Идаџи не можеа да ги сокријат солзите радосници по успешната операција.

Водачот на тимот на спасувачи, Илхан Чолак, за Анадолу изјави дека веќе пет дена спроведуваат активности за пребарување и спасување и дека овде биле сведоци на голем број чуда.

Тој рече дека едно од тие чуда се случило и денеска.

„Спасивме уште еден живот со делата што ги работиме од утро со нашиот тим. Среќни сме. Не можам да најдам зборови да ја опишам среќата“, рече Чолак.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Приведени насилници кои нападнале 39-годишник во Кисела Вода

Следно

НАТО со порака за солидарност со Туркије

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop