Уште една жртва во експлозијата во Љушња, во критична состојба и повредениот пратеник

March 1, 2024
1 min read

Две лица загинаа во денешната експлозија во голем магацин во изградба во албанскиот град Љушња.

Албанските медиуми јавуваат дека починало лицето кое управувало со кранот, а од здобиените изгореници во болницата за трауматологија во Тирана починал и неговиот 20-годишен син, кој бил во кабината на кранот.

– Момчето имаше тешки изгореници на лицето и телото, беше интубирано, но и покрај максималните напори на медицинскиот персонал тој почина. Исто така уште две лица се во тешка состојба, меѓу нив и пратеникот Бујар Чела, изјави Скенер Братај, директор на Ургентниот центар во Тирана.

Според првичните информации на полицијата, кранот што изведувал работи на изградба на голем магацин за градежен материјал, околу 16 часот дошол во контакт со далновод со висок напон од 20.000 волти и поради оваа причина дошло до силната експлозија.

На самото место починал возачот на кранот. Пратеникот Чела(64) кој е жител на Љушња бил во непосредна близина, каде се наоѓа и неговиот дом.

Шест други лица, кои се здобиле со помал степен на изгореници и фрактури, се хоспитализирани и според последните информации не се во животно загрозувачка состојба.

Претседателот на Албанија Бајрам Бегај изрази длабоко сочувство до семејството Хоџа кое изгуби двајца членови. На повредените им посака побрзо закрепнување.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајковски: Ги повикувам трговците на општествена одговорност

Следно

Што да подарите за 8-ми Март?

Latest from Blog

Кристијано Роналдо по 6.678 дена гледаше меч на Португалија од клупата за резерви

Кристијано Роналдо по долго време не одигра ниту една минута за репрезентацијата на Португалија, откако целиот натпревар против Норвешка го помина на клупата за резерви. Роналдо последен пат беше резерва во текот

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,
Go toTop