Уште десетици ученички отруени во две ирански провинции

March 8, 2023
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Десетици ученици се хоспитализирани во некои градови на иранските провинции Голестан, Кохкилуех и Бујер Ахмад под сомнение за труење, известува Анадолу.

Иранската студентска новинска агенција (ISNA) објави дека нови случаи на труење се откриени во некои ирански провинции во кои повеќе од три месеци се регистрираат масовни случаи на труење, главно во интернатите за девојчиња.

Махмуд Сехамет, проректор на Универзитетот за медицински науки „Кохкилуех и Бујер Ахмад“, наведе дека 43 ученици од 3 училишта се хоспитализирани со симптоми на труење.

Проректорот Сехамет наведе дека во последните три дена се хоспитализирани 280 ученици со симптоми на труење.

Тој истакна дека 7 ученици сѐ уште се на лекување.

Мухамед Џавад Мокесеми, шеф на Управата за итна медицинска помош на Голестан, изјави дека во 4 градови, голем број ученици, вклучувајќи и наставници, се испратени во болница со симптоми на труење.

Учениците покажуваат симптоми како респираторен дистрес, мачнина, главоболка и вкочанетост на екстремитетите.

Во моментите додека Иранците се во шок и бесни поради труењето на учениците низ земјата, власта започна судски и министерски истраги за да ги открие одговорните.

Ализира Монади Сефидан, претседател на Парламентарната комисија за образование, истражување и технологија, која работи на случаите за труење чија причина уште не е објаснета, претходно рече дека е утврдено дека азотен гас е пронајден во отровот што се користи во училиштата.

Кон крајот на февруари, заменик-министерот за образование и обука на Иран, Јунус Пенахи, изјави дека труењето е намерно бидејќи некои луѓе сакаат сите училишта, а особено женските, да се затворат.

Случаите на труење следуваа по големите протести во земјата, предизвикани со смртта на 22-годишната Иранка која почина откако беше притворена кон средината на септември минатата година.

Демонстрациите што почнаа на 17 септември 2022 година во Сакиз, родниот град на Махса Емини, се проширија низ целата земја и се претворија во антивладини протести.

Речиси 500 демонстранти се убиени, а повеќе од 100 припадници на безбедносните сили ги загубија животите во повеќемесечните настани.

Мохамад Хасан Асфери, член на Истражната комисија на иранскиот Парламент за случаите на труење, изјави дека од 30 ноември 2022 година до 6 март 2023 година повеќе од 5.000 ученици, главно девојчиња, се отруени во 230 училишта во 25 ирански провинции.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије: Над 232.000 згради се оштетени или ќе бидат срушени во регионот погоден со земјотресот

Следно

Опасност од пукнато и искривено суво дрво во паркот „Жена – борец“ во центарот на Скопје

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop