Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје

October 22, 2024
1 min read

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в четврток ќе допатува во посета на Северна Македонија, во рамки на четиридневната посета на Западен Балкан, при што ќе ги посети и Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, каде со лидерите ќе разговара за напредокот на Западен Балкан на патот кон ЕУ, како и за Планот за раст на ЕУ од 6 милијарди евра.

По посетата на Тирана, Фон дер Лајен в четврток ќе допатува во Скопје, каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје, предвидено е претседателката Фон дер Лајен и премиерот Мицкоски да одржат прес-конференција во Владата.

По посетата на Скопје, Фон дер Лајен ќе замине за Босна и Херцеговина.

-Овогодинашната посета на Западен Балкан доаѓа во време кога проширувањето е на врвот на агендата на ЕУ, што беше потврдено од претседателката Фон дер Лајен во неколку наврати, вклучително и неодамна на Самитот на Берлинскиот процес и на Бледскиот стратешки форум, стои во соопштението на Делегацијата на ЕУ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Негативна на птичји грип е жената која ја посетила Зоолошката градина во Скопје

Следно

Шефицата за израелска политика во Мета се обиде да цензурира пропалестински објави на Инстаграм

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop