УПОЗ предупрадува на двојни стандарди на Владата по примерот на претходната во случајот со функционерските плати

September 7, 2024
2 mins read

Додека едните живеат другите гледајжи ги првите преживуваат. Функционери се повеќе – работници се помалку. Новите национални координатори како Влатко Ѓорчев, Лилјана Затуроска, Верче Мицевска,Павле Трајанов, Блерант Рамадани, Солза Грчева со плати од над 100.000 илјади денари а владата се правда дека нема пари во буџетот за работниците. Од синдикатот на УПОЗ, велат дека тоа што претходната Влада го започна оваа само го продолжи

„Мислам дека и новата Влада продолжи со она што го започна минатата Влада, само ветуваа дека тоа ќе се регулира, ветуваа дека нема да има вакви разлики меѓутоа за тоа ништо не се прави а тоа го гледаме и со новите национални координатори кои што сега се најавија пред некој ден. Ние мора да работиме со Владата меѓутоа се уште не сме седнале, не знаеме од кои причини, не комуницираат со синдикатите за да почнеме да преговараме за коефициентите согласно општиот колективен договор за јавен сектор којшто пропишува дека конечно и работниците ќе добијат просечна плата. Доколку тоа не се направи, доколку не седнеме со владата во најбрз можен рок да почнеме да разговараме за коефицинетите и за покачување на платите како што се наближува зимата, како што доаѓа новата година незадоволството ќе расте од ден на ден мислам дека повторно ќе се излегува на улица, повторно ќе се најавуваат штрајкови а тоа же биде неповолно за сите.“- вели Деаноски од УПОЗ. 

И додека синдикалците  реагираат за подобар стандард на работниците, партиите со межусебни преписки. Од СДСМ прашуваат дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите? Додека министерката за финансии Кочовска вели дека навечер оди по канцелариите во министерството да гаси светла за да не се троши струја, дава согласност за да се вработуваат партиски кадри. 

„Владата секој ден со свои одлуки именува некакви национални коордонатори за решавање на различни прашања. Тоа не е ништо друго освен легализирана кражба на буџетот преку доделување месечна апанажа на неопределен рок во висина од над 100.000 денари на заслужни партиски активисти на ДПМНЕ како што се Влатко Ѓорчев, Затуровска, Павле Трајанов, Ивица Боцевски и други. Со одлуки на Владата на овој начин се празни и ограбува буџетот за задоволување на апетите и плаќање на оние кои партиски му помагале на ВМРО-ДПМНЕ.“ – велат од СДСМ. 

Од ВМРО – ДПМНЕ со реакција, СДСМ за национални координатори поставуваше луѓе како Алаѓозовски и Попов, без грам искуство, а шири ветар и мегла за луѓе со кредибилитет.

„СДС го постави своевремено Роберт Алаѓозовски и Мартин Попов за национални координатори, и двајцата без никаков придонес за државата. Национален координатор во време на СДС беше и Стево Пендаровски, најслабиот претседател во историјата на Македонија. СДС не само што редеше неспособни национални координатори, туку и нивни заменици, без да има за тоа реална потреба. За разлика од времето на СДС, владата на ВМРО-ДПМНЕ за национални координатори поставува луѓе со голем кредибилитет и минат труд во областите за кои ги назначува.“ – велат од ВМРо-ДПМНЕ. 

Додека партиите ги правдаат своите постапки за трошењето на буџетски пари на национални координатори, синдикалците на ставот дека кога е во прашање работникот наспроти функционерот секогаш постојат двојни стандарди. 

„Секогаш имало двојни стандарди кога се работи за плата на функционери и работници, во последните години тоа само се продлабочи. Платите на фукционерите пораснаа за 78 посто а на работниците останаа исти. Сега се соочуваме со проблем со кој што платите на функционерите ќе растат секоја година со порастот на просечната плата. Согласно нашите математики во март месец 2025 платите на функционерите ќе пораснат за уште 15 проценти што значи на плата од 100.000 илјади денари ќе добијат 15 проценти а се поголем дел на работниците се уште се под просечната плата и блиску до минималната плата.“- вели Деаноски. 

Аналитичарите на ставот дека клиентелизмот е одраз на македонското општество и дека таквата пракса е клучната карика во разнишување на столбовите на една држава и токму таквиот клиентелизам допринесува кон зголемен криминал, корупција, нефункционални институции бидејќи се е сведено на подаништво а на моменти и до степен на градење на култ на личности само затоа што се стигнало до некаква позиција за која ќе плаќаат граѓаните.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бурно на мечот во Приштина помеѓу Косово – Романија (ВИДЕО)

Следно

За излез од државата преку ГП Богородица, Дојран и Табановце се чека повеќе од еден час

Latest from Blog

Приведен возач од Злетово – возел пијан и излетал од патот!

На 02.07.2025 околу 20 часот на регионалниот пат с.Лесново- Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода В.Ј.(64) од Злетово. Тој управувајќи патничко возило „шевролет спарк“, излетал од коловозот, а

Следуваат температури и над 40 степени, ИЈЗ со апел и препораки за заштита од топлото време

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде

ПОЖАРОТ НА КРИТ Е НАДВОР ОД КОНТРОЛА: Изгорени се куќи, хотелите се загрозени, луѓе евакуирани со чамци (ВИДЕО)

Пожарот што избувна во попладневните часови во среда (2 јули) во земјоделско-шумарска област, во градот Ахља во областа Ласити на Крит, избувна. Малку пред 20:30 часот, од бројот 112 е испратена нова

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за култура и туризам и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за култура и туризам се Предлог законот за изменување и дополнување
Go toTop