УНРВА: Во еден ден убиени повеќе од 180 деца во Газа

March 27, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за помош и работа на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) повика на прекин на огнот, наведувајќи дека во еден ден се убиени повеќе од 180 деца во израелските напади врз Газа, известува Анадолу.

На профилот на УНРВА на социјалните мрежи дадено е соопштение во врска со ситуацијата во Газа, каде што Израел на 18 март го прекрши договорот за прекин на огнот и повторно ги започна своите насилни геноцидни напади.

Во соопштението се вели: „Пријавено е дека само во еден ден се убиени повеќе од 180 деца во Газа. Доколку повторно не се воспостави прекин на огнот, ќе продолжат големите загубите на човечки животи.“

Приближно 18.000 деца, меѓу кои повеќе од 1.000 бебиња, се убиени во нападите на израелската армија врз Газа од 7 октомври 2023 година.

– Прекршувајќи го прекинот на огнот, израелската армија повторно започна со насилни напади врз Газа

Утрото на 18 март израелската армија продолжи со насилни напади по прекинот на огнот во Појасот Газа што стапи на сила на 19 јануари.

Откако израелската армија одново ги започна нападите, убиени се повеќе од 830 Палестинци, главно постари лица, жени и деца, а повеќе од 1.663 се повредени.

Бројот на Палестинците кои ги загубија животите во нападите на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година досега се зголеми на 50.183, а бројот на повредени изнесува над 113.828.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

Следно

Фудбалерките на Арсенал обезбедија полуфинале во ЛШ со рекордна поддршка од трибините

Latest from Blog

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Јавниот обвинител Савески оствари средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија

Јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, со кого на почетокот на својот мандат разговараше за приоритетите на соработката и

Сељами: Неможноста за полагање правосуден и нотарски испит на мајчин јазик е дискриминација

Поднесена е иницијатива до Владата за законски измени кои ќе овозможат полагање на стручните испити на мајчин јазик, соопшти народниот правобранител Фатон Сељами, на денешната прес-конференција по повод Годишниот извештај за состојбата
Go toTop