УНИВЕРЗИТЕТИТЕ „КОДАРТС“ И „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ НАГРАДЕНИ СО МЕНАДА ОД 19. ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

March 30, 2023
1 min read

Холандскиот универзитет „Кодартс“ и македонскиот „Гоце Делчев“ се годинашни добитници на наградата Менада за поддршка на современиот танц, која ја доделува Бордот на Танц фест Скопје. Годинава ја добиваат, како што вели уметничката директорка Рисима Рисимкин, „Кодартс“ од Ротердам, со кој Интерарт културниот центар соработува 15 години и со чија поддршка е основана првата едукативна програма за современ танц на универзитетско ниво во земјава и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на кој во 2017 година се вдоми Катедрата за современ танц.

„Сметаме дека е исклучително значајна работата на двата универзитета, нивниот сенс и однос кон современата култура, со посебен акцент на квалитетот на наставата, извонредната продукциска програма која им ја овозможуваат на студентите“, се вели во образложението на Бордот.

Академијата за современ танц при универзитетот  Кодартс во 2008 година потпиша Меморандум за соработка со културниот центар Интерарт  и Рисимкин, со што во 2010 започна со работа Скопје танцовата академија, прва образовна програма на универзитетско ниво за современ танц во земјава. Оваа соработка, во која „Кодарст“ за првпат во својата историја, долга преку 80 години постоење, дозволи споделување на наставните програми на универзитетот, беше поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Според Бордот, Универзитетот „Гоце Делчев“ покажа исклучително чувство за уметничките современи форми и даде своја поддршка за развојот на современиот танц во земјава, преку оформување на Катедрата за современ танц на Филмската академија, програма која беше поставена во соработка со Холандија. Воедно, во заеднички заложби со професорката Рисимкин, се обезбедија и просторни услови и катедрата работи во просториите на Домот на АРМ во Скопје, со што се заокружува формирањето на оваа програма.

Наградите ќе се доделат на 4 април, во 20 часот, на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ), на свеченото отворање на фестивалот. Ќе се изведе претставата на Кодартс танцовата компанија „Таленти во движење“ , во чест на 30 години дипломатски односи со Холандија.

Б. НЕСТОРОСКА

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Најмалку 31 лице загина во несреќа на патнички траект на Филипините

Следно

Јапонскиот премиер: Со свои очи ја видов руската агресија во Украина

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон
Go toTop