Уништувањето на браната Каховка може да има негативни последици за нуклеарната централа

June 6, 2023
1 min read

Водата од акумулацијата што ја држи уништената брана, се вели дека е потребна за безбедносните системи на нуклеарната централа Запорожје, инаку најголема во Европа

Енергоатом, државната агенција за нуклеарна енергија на Украина, реагираше на уништувањето на браната Нова Каховка, велејќи дека тоа „може да има негативни последици за нуклеарната централа Запорожје“, додавајќи дека „ситуацијата е под контрола“.

„Ноќта на 6 јуни 2023 година, руските агресори ја разнесоа браната на хидроцентралата Кахока“,

се вели во соопштението на Енергоатом, во кое се нагласува дека „брзото спуштање“ на нивото на водата во акумулацијата „претставува дополнителна опасност за привремено окупираната нуклеарна централа Запорожје“.

Засега базенот за ладење на нуклеарната централа е полн, се вели во соопштението. Водата од акумулацијата што ја држи уништената брана, се вели дека е потребна за безбедносните системи на нуклеарната централа Запорожје, инаку најголема во Европа.

Енергоатом ја следи ситуацијата и ги следи постапките на работниците во нуклеарната централа заедно со други меѓународни организации, пред се Агенцијата за атомска енергија на ОН, се наведува во соопштението.

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НОВАТА СТИХОЗБИРКА „НА ВРВ НА ЈАЗИКОТ“ НА АКАДЕМИК ЌУЛАВКОВА ЌЕ БИДЕ ПРОМОВИРАНА ВЕЧЕРВА ВО МКЦ

Следно

Харадинај: Постои сомнеж дека Курти сака да го подели Косово за да го избегне формирењето на ЗСО

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop