Унгарскиот премиер ја критикуваше политиката на санкции на ЕУ кон Русија

May 23, 2023
1 min read

ДОХА (АА) – Критикувајќи ги санкциите на Европската Унија (ЕУ) против Русија, унгарскиот премиер Виктор Орбан истакна дека „политиката на санкции на ЕУ едноставно не функционира“, јавува Анадолу.

„Не е разумно воведување пакет санкции по 11-ти пат со надеж дека исходот ќе биде различен“, рече денес Орбан на Катарскиот економски форум.

По почетокот на војната меѓу Русија и Украина во февруари 2022 година, западниот свет, особено Европа, се обидува да ја парализира руската економија со воведување санкции, како што се забрани за извоз и за обезбедување стратегиски производи.

Орбан нагласи дека наместо вмешување во војната, треба да се запре ескалацијата.

Тој, исто така, рече дека Унгарија има нуклеарна централа која се заснова на руска технологија, и дека земјата мора да користи руска технологија бидејќи користењето друга е премногу ризично.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Владата на Борисов и Петков со ротирачки премиер се очекува да има 20 члена: Кој е тандемот Денков-Габриел што ќе ја предводи

Следно

Валенсија ДОЖИВОТНО ќе им забрани влез на навивачите кои го навредуваа Винисиус

Latest from Blog

Започна акција за спасување на делфин, кој живее среде Венеција- бродовите може да го убијат (ВИДЕО)

Неговото присуство во близина на плоштадот Свети Марко предизвика кампања за негово спасување поради опасноста од големиот бродски сообраќај, пишува The Guardian. Мимо последен пат беше виден завчера во базенот Свети Марко,

Трагична полициска потера во Бугарија: Автомобил пропадна во езеро, загинаа шест лица (ВИДЕО)

Автомобилот што слета во езерото Ваја бил регистриран во Романија и го управувал Романец. Во него имало 10 лица, вклучувајќи го и возачот, објави Euronews. Според медиумските извештаи, автомобилот „Шкода“ се движел
Go toTop