Унгарскиот кредит за стопанството сè уште недостапен за македонските компании

January 23, 2025
1 min read

Компаниите од Македонија сè уште не можат да аплицираат за долгоначекуваните кредити од унгарскиот кредит, кои треба да ги поддржат за зголемување на економијата. Од Владата тврдат дека до крајот на оваа недела се очекува да завршат техничките процедури, но не е познат износот на средствата, кои банки ќе учествуваат во одобрувањето на кредитите и какви се намените за кои треба да аплицираат компаниите.

Компаниите треба да аплицираат за кредити до 10 милиони евра со 20-проценти сопствено учество и со грејс период до три години. Рокот на отплата е до 15 години.

Инаку, портпаролката на Владата Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање денес на прес-конференција рече дека како Влада најавиле дека до крајот на јануари се очекува кредитната линија да стане оперативна.

„Тоа е веќе следната недела и очекувам на таа владина седница сите овие процедури да бидат завршени со што компаниите ќе може да ги користат овие финансиски средства“, рече Митева.

Сепак, дури и да се запазат овие најнови рокови, средствата од унгарскиот кредит за стопанството нема да стигнат до оние на кои им се потребни со динамиката со која што се најавуваше. Ваквото разочарување од доцнењето во еден момент го искажа и премиерот Христијан Мицкоски, кој во преговорите со банките настапи прилично тврдо, убедувајќи ги да ја намалат каматната стапка од првичните 3,25 отсто на 1,95 отсто, колку што ќе биде трошокот на фирмите кон банките. Вкупната цена на кредитот, како што е познато, ќе биде поголема, бидејќи каматната стапка од 3,25 отсто, по која државата се задолжи кај унгарската Експорт импорт банка, ќе падне на товар на Буџетот, односно на сите даночни обврзници во земјава.

Експертите изминатиот период посочија дека 250 милиони евра од унгарскиот кредит наменет за компаниите, нема да можат да се стават на брза лента како што посакува Владата. Тие укажуваат на неопходноста, откако банките ќе го добијат конечниот предлог-договор од Развојната банка, тој да биде разгледан од нивните служби и потоа да биде одобрен од управните или од надзорните одбори. На ова и претходно укажуваа од банкарскиот сектор, посочувајќи на фактот дека за вакви постапки кај дел од банките во земјава, коишто се во странска сопственост, можеби ќе биде потребно и формално одобрување од мајките-банки, што може да одземе уште одреден период.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лефков: Онколошка терапија нема поради мафијата на смртта Пановски-СДС-Филипче, институциите да реагираат

Следно

НОМИНАЦИЈА ЗА ОСКАР ЗА НАЈДОБАР КРАТОК ФИЛМ ЗА ХРВАТСКИОТ „ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ“ НА НЕБОЈША СЛИЈЕПЧЕВИЌ

Latest from Blog

Божиновска: 2026 година клучна за праведната и зелената енергетска транзиција

Енергетската транзиција мора да се спроведува со јасна визија, прецизно планирање и силна институционална координација, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по денешната седница на Советот за праведна

Меџити: Интензивирањето на соработката со Албанија е од заеднички интерес

По официјалната посета, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, ја пречека и Елиса Спиропали во просториите на општината. Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални

ФБИ побара од Британија да го „присили“ принцот Андру да биде сослушан за неговата врска со сексуалните престапници

Новите документи објавени утринава вклучуваат сензационално „Барање за помош“ испратено до Владата на Обединетото Кралство, со кое се бара да се организира интервју со тогашниот војвода од Јорк од агенти на ФБИ.
Go toTop