НОМИНАЦИЈА ЗА ОСКАР ЗА НАЈДОБАР КРАТОК ФИЛМ ЗА ХРВАТСКИОТ „ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ“ НА НЕБОЈША СЛИЈЕПЧЕВИЌ

January 23, 2025
1 min read

Хрватскиот филм „Човекот кој не можеше да молчи“ на режисерот и сценарист Небојша Слијепчевиќ доби номинација за Оскар во категоријата најдобар краток игран филм, соопшти денеска Академијата за филмска уметност и наука. „Човекот кој не можеше да молчи“ лани доби Златна палма за краток филм на Канскиот фестивал и стана првиот хрватски филм со оваа престижна награда. Филмот доби и Европската награда за најдобар краток филм од Европската филмска академија (ЕФА) .

Филмот е снимен во копродукција со Бугарија, Франција и Словенија, а во актерската екипа се Горан Богдан, Алексис Маненти и Драган Миќановиќ. Заснован врз вистински настан, дејството се случува во 1993 на малата железничка станица во Штрпци, БиХ, кога паравоени сили запираат патнички воз на релацијата Белград-Бар. Додека одведуваат невини цивили, само еден од 500 патници им се спротивставува. Членови на српска паравоена организација влегле во возот на станицата Штрпци во близина на Вишеград, побарале лични карти од патниците и одвеле 18 Босанци и еден Хрват, кои потоа ги мачеле, ги убиле, а телата им ги фрлиле во реката Дрина.

„Пресреќен сум што ја добивме оваа номинација, иако сè уште ми изгледа малку надреално. Веројатно целосно ќе го сфатам она што го постигнавме откако ќе почнеме да ги пакуваме куферите за Лос Анџелес. За време на оваа долга кампања за Оскар, многу ми значеше големата поддршка од целата филмска заедница“, изјави режисерот Слијепчевиќ.

Оскарите по 97. пат ќе се доделат на 3 март во Лос Анџелес.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Унгарскиот кредит за стопанството сè уште недостапен за македонските компании

Следно

Училиштата се празнат! – Куманово силно погодено од иселувањата

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop