Унгарија против Шпанија во финалето на Светското првенство во ватерполо

July 23, 2025
1 min read

Репрезентациите на Унгарија и Шпанија се пласираа во големото финале откако беа подобри од Србија односно Грција во полуфиналните натпревари на Светско првенство во водени спортови што се одржува во Сингапур.

Шпанците на пенали беа подобри од Грција откако прокоцкаа водство од 6:3 по првите два периода. Во третиот и четвртиот Грците успеаја да израмнат на 7:7, но загубија со 4:2 на пенали.

Неизвесно беше и на дуелот меѓу Унгарија и Србија, кој заврши со победеа на Унгарците од 19:18. По 6:3 за Унгарија во воведниот период, Србите го добија вториот сои 5:2 и израмнија на 8:8. Клучен беше третиот период кој Унгарците го добија со 8:4, а во последниот Србите дојдоа на чекор до пресврт, но не успеаја.

Финалето ќе се игра в четврток (24 јули) од 15:35 часот по македонско време со директен пренос на МРТ3. Претходно од 11:35 часот ќе се игра натпреварот за бронзата меѓу Грција и Србија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инцидент на ЕМОФ: Шпанска спортистка објави видео од сместувањето

Следно

Сончево и многу топло, температурите над 40 степени

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop