Унгарија го смета за „акт на непријателство“ чекорот на Бугарија да ги зголеми транзитните такси за природниот гас

November 16, 2023
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, рече дека никој нема право да го загрозува снабдувањето со енергија на другите земји, додавајќи дека одлуката на Бугарија да ја зголеми транзитната такса за природен гас ја смета за „акт на непријателство“, јавува Анадолу.

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Сијарто, престојува во работна посета на Северна Македонија на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На заедничката прес-конференција двајцата министри рекоа дека разговарале и за безбедноста на снабдувањето со енергија, при што Сијарто истакна дека никој нема право да го загрозува снабдувањето со енергија на другите земји.

„Затоа, последниот чекор што го презеде Бугарија, која со ултиматум ги зголеми давачките за Унгарија, Србија и Северна Македонија, тоа се таксите за транзит за природниот гас, тоа е чекор на непријателство, акт на непријателство од страна на Бугарија. Без никакви преговори тие дојдоа до оваа одлука што може да бидеме сигурни дека ќе ја загрози безбедноста на снабдувањето со електрична енергија за Унгарија и за Северна Македонија. Ова е неприфатливо и никој нема право да го доведува во опасност снабдувањето со енергија за која и да е земја и затоа чекорот на Бугарија со тоа што ги зголеми транзитните стапки е непријателски чекор“, рече Сијарто.

Тој истакна дека Унгарија е подготвена да даде соодветен и одмерен одговор на овој чекор во рамките на Европската Унија (ЕУ), додавајќи дека во понеделник ја започнале прекршочната постапка против Бугарија.

Во врска со ова, министерот Османи рече дека Северна Македонија ја смета одлуката на Бугарија како нелегално поставена такса, спротивна на европските правила.

Тој додаде дека земјата ја информирала Европската комисија, а со унгарскиот колега разговарал за координиран пристап во преземањето на иницијативите, со цел да се отстрани оваа нелегално поставена такса.

– „Осумнаесет години со кандидатски статус да не може да ги започне преговорите е одвратно“ –

Шефот на унгарската дипломатија рече дека со Османи разговарале и за други многу важни теми, со фокус на проширувањето на ЕУ.

Тој рече дека ова се случува во време кога ЕУ се соочува со сериозни предизвици и дилеми, додавајќи дека ЕУ треба да признае дека има потреба од Западен Балкан.

„Сѐ уште има некои земји членки што го попречуваат, забавуваат и поставуваат пречки кон овој (интегративен) процес и за нас ова е страшно. Страшно е што Бугарија го блокираше писмото што требаше да ѝ се прати на Северна Македонија пред неколку недели. Северна Македонија е земја кандидат веќе 18 години и 18 години со кандидатски статус да не може да ги започне преговорите е одвратно и тоа покажува непочитување кон земјата“, рече Сијарто.

Тој истакна дека ова е контрадикторно со интересите на ЕУ, додавајќи дека тие што ги блокираат овие преговори, тие го поткопуваат кредибилитетот на ЕУ.

Сијарто истакна дека кога Унгарија ќе го преземе претседателството со ЕУ, ќе направи сѐ што е можно за да се осигури дека пристапувањето на Северна Македонија и на Западен Балкан ќе се случи колку што е можно побрзо.

Министерот Османи го истакна ЕУ-пристапниот процес на земјата како едно од најважните прашања за кои разговарал со унгарскиот колега.

„Следната година, во второто полугодие, Унгарија ќе претседава со ЕУ и очекувам, како и досега, Унгарија силно и гласно да ја поддржи нашата евроинтеграција и затоа сите треба да бидеме обединети за европската идеја и да обезбедиме дека по толку години чекање нема повторно да се создаде застој во ЕУ-пристапниот процес во момент кога тој реално добива на забрзување заради геополитичките околности“, рече Османи.

Тој потсети на потребата од усвојување на уставните измени, за што уште еднаш апелираше до опозицијата „да не ја отфрла оваа единствена можност што е пред нас“.

Османи ги оцени како „блиски и пријателски“ односите со Унгарија, која е десетти трговски партнер на Северна Македонија и осми странски инвеститор во земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Османи: Со Сијарто зборувавме за можна координација во дејствијата со цел отстранување на нелегално поставената такса за гас од Бугарија

Следно

Шпанија: Педро Санчез реизбран за премиер

Latest from Blog

Ракометарите на Македонија убедливи против Литванија за нов пласман на ЕП 2026

Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија ќе ја продолжи низата настапи на големи натпреварувања, започната во далечната 2012 година. Македонија го избори деветтиот пласман на ЕУРО, што е 15 големо натпреварување во

Скопје и регионот зафатени со силно невреме – силни врнежи од дожд и засилен ветер

Скопје и скопскиот регион вечерва се зафатени со силно невреме, односно силни врнежи и грмежи, како и засилен ветер од западен правец, соопштија од УХМР. Невреме има и во кумановско-кратовскиот регион. Претходно

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

„Европа не е само некаков симбол, туку реална можност за подобар живот, но власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада“, порача заменик-претседателката на СДСМ,
Go toTop