УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Дури соседните земји праќаат сателити во вселената, студентот во Македонија се бори за основни услови за живот

January 18, 2023
1 min read

Додека соседните земи испраќаат сателити во вселената, градат автопати и железници и секојдневно ги подобруваат условите за младите, студентот во Македонија не може да добие пристап до основни услови за живот, велат од Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

-Нецелосни оброци, нехигиена и негрижа за храната, недостаток од топла вода, недостаток од струја и греење и нефункционални уреди. Пораките кои студентите што престојуваат во студентскиот дом , Стив Наумов” ги испратија до нас, покажуваат дека образовниот систем и условите за младите во Македонија се сѐ уште заглавени во минатиот век. Владата и лицата кои се назначени за раководење со студентските домови, кои треба да бидат простори за безгрижен живот на студентите и академски развој, немаат способност да оспособат обични рингли, фрижидери и лифтови, дополнително отежнувајќи го секојдневниот живот во објектите во кои не се вложува ни приближно до она што е потребно.

Повеке од очигледно е дека ниту едно ветување што владината коалиција го дава во последите 6 години не е реализирано, а мерките што пиар тимот на премиерот и младината на СДСМ ги промовираат претставуваат само скапо платена претстава за замајување на јавноста со наводна грижа за студентите, се наведува во соопштението.

Оттаму истакнуваат дека без притисок од самите нас како млади луѓе, Владата и наделжните само ќе останат индиферентни за сите проблеми со кои се соочуваме. За сега нема ниту трага ниту глас на прашањата од студентите за тоа која ќе биде реакцијата на УСС во однос на оваа негрижа.

Од УМС најавија дека будно ги следат сите случувања и се подготвени да одат до крај во борбата за подобри услови на студентите и младите луѓе во Македонија.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Продажбата на автомобили во ЕУ во 2022 година на најниско ниво

Следно

Лајчак на 20 јануари во посета на Белград и Приштина

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop