Улогата на Собранието во евроинтегративните процеси

July 23, 2025
1 min read

Во Собранието денеска се одржа Презентација и верификација на наоди од Проценката на приоритетни потреби од едукација за улогата на Собранието во евроинтегративните процеси, на која присуствуваа дел од вработените во парламентарните служби и пратеници. 

Наодите ги презентираше Неда Малеска која била дел од истражувањето, која истакна дека во следната фаза треба да се инвестира во знаење за процесот на преговори, особено во оние вработени и пратеници кои ќе останат дел од него. Посочи дека преку дигиталните алатки и вештачката интелегенција може побрзо да се стекне потребното знаење, но и преку работата и искуствата на други парламенти. Во однос на усогласувањето на законодавството исто така, посочи таа, сега има алатка преку која може многу лесно да се направи проверка на законите. 

Прашалникот испратен до собраниските служби и пратениците во однос на тоа што ним им треба во делот на едукација, во најголем дел го одговориле вработените во службата на Парламентот и само 19 пратеници, најголем дел од владејачкото мнозинство. 

-Ако овие резултати ги толкуваме во еден поширок политички контекст можеби би можела на страната на пратениците да кажам дека постои веројатно некоја замореност веќе од евроинтегративните процеси и можеби затоа интересот е помал. Пратениците од владејачката гарнитура многу повеќе одговориле на прашалниците отколку пратениците на сегашната опозиција, рече таа.

Најголем дел од оние што одговориле на прашалникот кажале дека не присуствувале на обуки поврзани со пристапните преговори, со усогласување на европското законодавство и воопшто со институционалната структура на ЕУ. 

Малеска потенцира дека Парламентот не треба да биде само пасивен актер во преговорите, кој ќе врши само техничко усовршување на директивите кои произлегуваат од акито, туку дека треба да има поактивна улога во транзициските периоди поттикнувајќи дебати, а како најважен дел ги спомена комисиите и работните тела. Една од најголемите улоги на Парламентот, меѓу другото, е лобирањето за национални важни прашања што преку пратениците и високо службеници може да се прави во групите за лобирање во ЕП.  

-Улогата на Собранието во пристапување во ЕУ во овој аспект најмногу се истакнува во парламентарната дипломатија и ангажманот со институциите со ЕУ бидејќи на сите ни е јасна моќта на парламентите и особено на Европскиот парламент. Моќта на лобирање на националните парламенти, па дури и ова сега што се случи со извештајот за Македонија во ЕП беше школски пример за тоа како за жал, бугарските пратеници ги искористија сите можни инструменти да лобираат во нивни интереси, рече Малеска.  

Тоа значи, како што потенцира, дека и ние треба да ги знаеме сите канали, процедури и начини на кои се вршат овие лобирања во ЕП и да бидеме присутни во тие меѓународни тела, да бидеме видливи и да ги користиме лоби групите кои постојат во Европскиот парламент во Брисел каде што може да се поттикнат одредени прашања во национален интерес.  

Презентацијата и истражувањето било спроведено со поддршка на проектот „Поддршка на европската интеграција на Северна Македонија“ кој го спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проекти (UNOPS), со финансиска поддршка од Шведска и Швајцарија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Генералниот директор на Фондацијата на Турските вооружени сили: IDEF 2025 стана глобален фокус на внимание

Следно

Контраспин: Мицкоски виде политички глодари и лешинари во кочанската трагедија

Latest from Blog

Привремената претседателка на Венецуела најави масовна амнестија

Во говорот пред Врховниот суд на Венецуела, на кој присуствуваа високи владини претставници, Делси Родригез рече дека ќе предложи „општ закон за амнестија што ќе го опфати целиот период на политичко насилство

Сахарска прашина од понеделникот е во офанзива низ Грција и Македонија

На 26 јануари густ облак од сахарска прашина се движеше кон север од Северна Африка, влијаејќи на квалитетот на воздухот низ големи делови од Балканот и југоисточните делови на Медитеранот. Оваа визуелизација

ФОТО РЕПОРТАЖА: Заборавено од институциите – Требиште во Голо Брдо со децении без основни услови за живот

Село Требиште областа Голо Брдо е најоддалечената административна единица на општина Булќиза, со околу 3 илјади жители регистрирани во шест населби. Во пракса, оваа бројка постои само во официјални документи. Помалку од

Проданоски на чествувањето на Св. Атанасиј во Големо Радобил

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на светата литургија во црквата „Св. Никола“ во село Големо Радобил, по повод големиот христијански празник Св. Атанасиј – Атанасовден. Заедно со бројни сограѓани,

ФОТО РЕПОРТАЖА: Тешки услови за живот на Македонците во Требиште, Голо Брдо

Село Требиште областа Голо Брдо е најоддалечената административна единица на општина Булќиза, со околу 3 илјади жители регистрирани во шест населби. Во пракса, оваа бројка постои само во официјални документи. Помалку од
Go toTop