Украинците споделуваат видео: „Војската ве моли за молк“

June 5, 2023
1 min read

Плановите сакаат тишина. Почетокот на контраофанзивата нема да биде објавен, стои во текстот прикажан на крајот од видеото, што го сподели и заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар

Сe повеќе украински функционери споделуваат видео на социјалните мрежи во кое украинската војска повикува на молк. Истото вчера го направи и Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи.

„Вооружените сили на Украина бараат молк во информативниот простор“,

напиша Герашченко покрај видеото објавено на Твитер на кое се гледаат војници како ги креваат показалците кон устата во гест што симболизира тишина.

„Плановите сакаат тишина. Почетокот на контраофанзивата нема да биде објавен“, стои во текстот прикажан на крајот од видеото, што го сподели и заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Русија: Украинската Армија спречена да го пробие јужниот фронт во Доњецк

Следно

Кина: Најмалку 19 загинати при уривање на дел од планина во провинцијата Сечуан

Latest from Blog

Најмалку пет лица загинаа во пад на воен хеликоптер во Пакистан

Најмалку пет лица загинаа во падот на воен хеликоптер денес во Пакистан, соопштија регионалните власти. Според извештаите, двајца пилоти и тројца техничари ги загубиле животите за време на рутински лет, пренесува АП.

Коњановски: Учениците во Бистрица ќе учат во подобри услови

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на почетокот на новата учебна година го посети ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица, каде што оствари средба со родителите и директорката на училиштето. Тој

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори

2 Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11
Go toTop