Украинскиот претседател Зеленски: Состанокот Русија – САД беше изненадување за нас

February 18, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека неговата влада била изненадена од состанокот меѓу Русија и Соединетите Американски Држави (САД) во Саудиска Арабија, одржан денес, бидејќи за тоа дознале само преку медиумите, јавува Анадолу.

На заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турскиот главен град Анкара Зеленски рече: „Средбата Русија-САД (во саудиската престолнина Ријад) беше изненадување за нас. За тоа дознавме од медиумите.“

Осврнувајќи се на билатералните односи, Зеленски истакна дека односите меѓу Туркије и Украина се на високо ниво, како и секогаш, заблагодарувајќи му се на турскиот претседател и на турскиот народ за тоа.

Тој, исто така, нагласи дека Туркије зазела многу принципиелен став за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во услови на тековната војна, која започна пред речиси три години.

Зеленски додаде дека Анкара го овозможила ослободувањето и на украинските војници и на цивилите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лавров: САД предложија мораториум на нападите врз енергетската инфраструктура на Русија и Украина

Следно

Богат книжевен фонд без соодветни услови во градската библиотека “Кочо Рацин” во Тетово

Latest from Blog

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Летови, фудбалски натпревари и големи концерти се откажани, бидејќи милиони жители се подготвуваат за уште потешки временски услови во текот на викендот. Бурата ги погодува Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал
Go toTop