Украинскиот премиер: Прекин на огнот без гаранции е отворена врата за „руска окупација“ на Европа

February 28, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот премиер Денис Шмихал денес изрази поддршка за претседателот Владимир Зеленски по неговиот жесток судир во Белата куќа, предупредувајќи дека прекинот на огнот без безбедносни гаранции ќе ја отвори вратата за понатамошна руска експанзија низ Европа, јавува Анадолу.

Зеленски влезе во жестока војна на зборови со Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс, кои постојано го обвинуваа украински лидер дека е неблагодарен за поддршката на Американците за воените напори на Киев против Москва.

„Претседателот Зеленски е во право. Мир без гаранции не е можен. Прекинот на огнот без гаранции е пат до руска окупација на целиот европски континент“, напиша Шмихал на платформата Х.

Андриј Јермак, шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, ја истакна непоколебливата поддршка за напорите на Зеленски да обезбеди траен мир.

„Безбедноста не е само збор. Тоа е живот. Тоа е иднина без сирени, без загуби, без страв за оние кои ги сакаме. Без вистински гаранции, војната ќе се врати. Секогаш се враќа онаму каде што има шанса за нов напад“, напиша тој на Телеграм.

„Претседателот се бори за нашата земја, за сите кои се залагаат за праведен и траен мир. Го поддржувам претседателот, кој ги брани интересите на нашиот херојски народ. Во секоја ситуација. Точка.”

Министерот за надворешни работи Андриј Сибиха, исто така, го пофали лидерството на Зеленски, велејќи: „Претседателот Зеленски има храброст и сила да застане за она што е правилно. Тој се залага за Украина и за целта за праведен и траен мир. Секогаш сме биле и ќе продолжиме да ѝ бидеме благодарни на Америка за нејзината поддршка“.

Украинскиот министер за дигитална трансформација, Михаило Федоров, исто така, ја отфрли идејата за мир без гаранции, нарекувајќи ја уште една „стапица“ поставена од рускиот претседател Владимир Путин.

„Почит за Зеленски за храброста да ги каже работите како што се и да ја брани честа на нашиот народ, кој со својата крв плати за слободата“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Вајц: Голем дел од мојата работа, за жал, ќе биде да ја убедам Бугарија да го крене ветото

Следно

Фенербахче поднесе тужба против Галатасарај поради нападот врз Жозе Мурињо

Latest from Blog

Меџити: Серава добива инфраструктура по европски стандарди

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид на завршените градежни работи во населбата Серава, каде што е комплетно асфалтирана улицата „ЛПК“. Во рамки на проектот се уредени и пусетите, како

Wolt: Прогресивен двигател на дигиталната промена во Македонија

Лансирањето на Wolt во Македонија претставува повеќе од појава на уште една апликација за достава, тоа е пресвртница во дигиталната и економската трансформација на земјата. Говорејќи на годишната eCommerce конференција во Скопје,

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања

Конте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“

Синоќа во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите, тимот на Наполи, на чело со нашиот Елиф Елмас во составот на домашен терен одигра само 0:0 против екипата на Ајнтрахт. Иако
Go toTop