Фенербахче поднесе тужба против Галатасарај поради нападот врз Жозе Мурињо

February 28, 2025
1 min read

Турскиот фудбалски тим Фенербахче поднесе тужба против ривалот Галатасарај за „напад врз личните права“ на тренерот Жозе Мурињо.

Галатасарај го обвини Мурињо за расистички коментари по дербито во Истанбул во понеделникот, велејќи дека користел „недвосмислена дискриминаторска реторика“ откако рекол дека клупата на Галатасарај „скокала наоколу како мајмуни“.

Фенербахче го отфрли обвинението и рече дека коментарите се „намерно извадени целосно од контекст и искривени на погрешен начин“. Клубот поднесе тужба за околу 52.000 долари за морална штета.

-Би сакале да ја информираме јавноста дека против Галатасарај адвокатите на Фенербахче поднеле тужба за морална отштета од 1 милион 907 илјади турски лири поради напад на личните права на нашиот тренер Жозе Мурињо, се вели во соопштението.

Се чини дека бројот е референца за Фенербахче, основан во 1907 година, број што е на грбот на клубот.

Галатасарај оваа недела соопшти дека Мурињо „упорно дава погрдни изјави насочени кон турскиот народ“ и има намера да отвори кривична постапка во врска со „расистичките изјави“ дадени од португалскиот тренер. Турската фудбалска федерација во четвртокот го суспендираше Мурињо на четири натпревари и го казни со 1,6 милиони турски лири (44.000 долари) поради коментарите за турските судии по натпреварот со Галатасарај.

На прес-конференцијата по натпреварот, Мурињо ја поздрави одлуката да се назначи странски судија за натпреварот – Словенецот Славко Винчичиќ – и исто така го пофали судијата за неговото „одлично судење“.

Мурињо рече дека отишол да го види судијата и да му се заблагодари по натпреварот. Кога го виде четвртиот судија – турски судија – Мурињо му рече: „Ти да беше судија, ќе беше катастрофа“.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украинскиот премиер: Прекин на огнот без гаранции е отворена врата за „руска окупација“ на Европа

Следно

Турскиот претседател Ердоган упати честитки по повод месецот Рамазан

Latest from Blog

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop