Украински телекомуникациски гигант од мај бил мета на руски хакери, вели шефот за кибербезбедност на СБУ

January 4, 2024
2 mins read

Илија Витиук, шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ), во разговорот за Ројтерс открил детали за хакерскиот напад, за кој рекол дека предизвикал катастрофални последници, а имал за цел да нанесе психолошки удар и да собере разузнавачки информации

Руските хакери успеале да упаднат во системот на украинската телекомуникациска компaнија „Киевстар“ и биле во него најмалку од мај минатата година, изјавил за Ројтерс шефот за кибер безбедност на Украина, пренесува британски „Гардијан“.  

Украинската компанија која била цел на хакерискиот напад / Фото: Принтскрин

Нападот, како што навел тој, треба да биде големо предупредување за Западот. 

Хакирањето, кое се опишува како едно од најдраматичните по руската инвазија на Украина пред речиси две години, ги прекинало услигите што најголемиот украински телекомуникациски оператор ги обезбедува за околу 24 милиони корисници, а тоа траело со денови, почнувајќи од 12 декември, минатата година .  

Илија Витиук, шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ), во разговорот за Ројтерс открил детали за хакерскиот напад, за кој рекол дека предизвикал катастрофални последници, а имал за цел да нанесе психолошки удар и да собере разузнавачки информации.  

„Овој напад е голема порака, големо предупредување, не само за Украина, туку и за целиот западен свет да разбере дека всушност никој не е недопирлив“,

рекол Витиук. 

Тој, посочил дека телекомуникацискиот оператор, цел на нападот, е богата приватна компанија која доста инвестирала во кибербезбедноста. 

Нападот избришал „речиси сè“, вклучително и илјадници виртуелни сервери и компјутери, рекол тој, опишувајќи го како веројатно прв пример на деструктивен кибернапад што „целосно го уништи јадрото на телекомуникацискиот оператор“. 

„Засега, можеме безбедно да кажеме дека тие беа во системот барем од мај 2023 година 

Не можам да кажам во моментов, колку време имаа …целосен пристап, веројатно барем од ноември“,

рекол тој. 

Според проценките на украинската безбедносна служба, хакерите биле во можност да украдат лични податоци, да лоцираат телефони, да пресретнуваат СМС-пораки и можеби да хакираат налози на Телеграм, со нивото на пристап што го имале, изјавил шефот за кибер безбедност на СБУ.  

Портпаролот на телекомгигантот „Киевстар“ изјавил дека компанијата тесно соработува со СБУ за да го истражи нападот и дека ги презема сите неопходни чекори за елиминација на идни ризици.  

„Не се откриени факти за истекување на лични и податоци за претплатниците“,  

додал портпаролот.

Инаку, како што навел Витиук, хакерискиот напад немал големо влијание врз војската на Украина.   

„По главниот и голем упад, имаше голем број на нови обиди насочени кон нанесување на поголема штета на операторот.  

„Кога говориме за детекцијата на дронови и откривањето на проектили, за среќа, не, оваа ситуација не влијаеше силно на нас“,

навел шефот за кибербезбедност на СБУ.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје во друштво на Делхи, Пакистан и Бангладеш со смртоносно висока загаденост

Следно

Вкупно 2.042 повици на 112, најмногу за полицијата

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop