Украинската Врховна рада усвои закон за забрана на Руската православна црква

August 20, 2024
1 min read

Врховната рада на Украина денеска го усвои Законот за заштита на уставниот поредок во областа на активностите на верските организации, со кој се забранува активност на верски организации поврзани со Руската Федерација на територијата на Украина.

Во законот се наведува дека ниту една верска организација која дејствува на украинска територија не смее да има административен центар во Русија, вклучувајќи ја и Руската православна црква, пренесуваат украинските медиуми.

-Имајќи предвид дека Руската православна црква е идеолошко продолжение на режимот на државата агресор, соучесник во воените злосторства и злосторства против човештвото извршени во името на Руската Федерација и идеологијата на рускиот свет, активноста на Руската православна Црквата во Украина е забранета, се вели во текстот на законот.

Според текстот на законот, не се дозволени односи, врски, комуникации на верски организации, вклучително и верски заедници и други правни лица со странски верски организации, чии активности се забранети во Украина.

Законот предвидува формирање комисија која ќе ги истражува потенцијалните врски на верските организации со Москва и која по утврдувањето на фактите ќе има рок од 60 дена да ги прекине, пред случајот да заврши на суд.

Врховната рада предлогот на овој закон во прво читање го усвои во октомври минатата година, а денеска за оваа иницијатива гласаа 265 пратеници.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Две лица уапсени за убиството кај „Мавровка“, се трага по третиот осомничен

Следно

УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе биде времето до понеделник (ФОТО)

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop