Украинската влада им забрани на функционерите да одат на одмор во странство за време на руската инвазија

January 30, 2023
1 min read

Забраната важи и за сопруги на високи државни службеници, како и за пратеници и локални функционери

Украинската влада им забрани на своите високи функционери и пратеници, вклучително и жени, да одат на одмор во странство за време на руската инвазија, поради неодамнешните скандали со украински функционери.

„Одлуката на украинската влада веќе стапи на сила“,

изјави портпаролот на украинската гранична служба Андриј Демченко, додавајќи дека службениците можат да заминат во странство како дел од официјална мисија.

Веднаш по почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, Украина им забрани на мажите на возраст од 18 до 60 години да патуваат во странство, освен во ретки исклучоци за кои е потребна дозвола од претпоставените на државните службеници.

„Со новата одлука, високи функционери ќе можат да одат на одмор во странство само доколку се во посета на своите деца или во случај на лекување или смрт на некој близок“,

рече Демченко.

Забраната важи и за сопруги на високи државни службеници, како и за пратеници и локални функционери.

Одлуката е донесена откако медиумите објавија дека помошникот државен обвинител неодамна заминал на одмор во Шпанија. Алексеј Симоненко беше сменет од функцијата на 25 јануари, како дел од серијата отпуштања што ги започна претседателот Володимир Зеленски по случаите на корупција кои вклучуваат воени материјали.

На 26 јануари, членот на претседателската партија Микола Тиченко беше исклучен од пратеничката група на претседателската партија по патувањето во Тајланд.

Минатата недела медиумите ја обвинија поранешната премиерка Јулија Тимошенко дека го поминала својот одмор во луксузна вила во Обединетите Арапски Емирати.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Вечерва во 360°: Меритократија – добредојден за работа во Луксембург, недостоен за скопските стоматолошки клиники

Следно

Бројот загинати во бомбашкиот напад во Пешевар достигна 44, голем број од ранетите во критична состојба

Latest from Blog

Масар Омерагиќ: Битола доби модерен стадион достоен за македонската репрезентација

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека за рекордно краток период стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е претворен во модерен спортски објект, достоен за националната репрезентација. „Кога зборовите стануваат

За Србија сојузот Косовски безбедносни сили и вооружените сили на Албанија е директна закана за државата и Србите

„Тоа е оската на политиката на приштинскиот режим, која со секој потег и нов чекор кон формирање на таканаречената голема Албанија е насочена кон Белград“, нагласи Петковиќ во соопштение. Како што истакна,
Go toTop