Украинскара нуклеарка Запорожје исклучена од електричната мрежа по руските напади

March 9, 2023
1 min read

Украинската нуклеарна централа Запорожје е исклучена од редовно снабдување со електрична енергија по големиот бран руски ракетни напади низ целата земја, соопштија операторите.

Постројката окупирана од Русија во јужниот град Енерходар сега се напојува со дизел генератори за итни случаи, соопшти утрово украинскиот нуклеарен оператор Енергоатом на Телеграм, додавајќи дека снабдувањето со гориво може да трае 10 дена.

Според операторот, ова е шести пат откако Русија ја нападна Украина пред повеќе од една година, нуклеарната централа да мора да работи во вонреден режим.

Во објава на Фејсбук, украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко нагласи дека се работи за „варварски, масовен“ руски напад. Неколку украински градови пријавија ракетни напади насочени против енергетската инфраструктура уште од раните утрински часови, вклучително и главниот град Киев, како и во регионите Одеса и Харков.

Портпаролот на Росенергоатом, рускиот нуклеарен оператор, потврди дека централата во Запорожје е исклучена од редовната електрична мрежа и ја обвини Украина дека го прекинала снабдувањето без очигледна причина, пренесе ДПА повикувајќи се на руската новинска агенција Интерфакс.

Нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, е под руска контрола речиси една година.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

По протестите, Грузија ќе го повлече законот за „странски агенти“

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби го компромитира цел процес со надзорот на Коридорите 8 и 10д, сомнежите за местење на тендерот остануваат, ЈО да отвори случај

Latest from Blog

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од
Go toTop