Украина: Во рускиот напад со балистички ракети врз Суми загинаа 30 лица

April 13, 2025
1 min read

СУМИ (АА) – Бројот на загинати во нападот со балистичка ракета на руската војска врз градот Суми се зголеми на 30, а 84 лица се повредени, соопшти Украинската државна служба за вонредни состојби, пренесува Анадолу.

Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко истакна дека напорите за пребарување и спасување продолжуваат во областа на нападот.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во објава на својот профил на платформата Телеграм наведе дека Русија извршила напад врз Суми на празникот Цветници, кој се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим.

Нагласувајќи дека цел на нападот биле образовните институции и на живеалиштата во градот, Зеленски ги повика земјите да реагираат против Русија.

„Русија сака токму ваков вид терор и ја продолжува војната“, наведе Зеленски.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Касами: И без Таравари, Вреди исто тежи – Таравари: Ги помешал бројките и равенките

Следно

Анчелоти за неговата иднина: Договорот е…

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop