Украина тврди дека соборила кинески дрон на нејзина територија

March 16, 2023
1 min read

Дронот бил „Мугин-5“, комерцијален дрон направен од кинески производител со седиште во пристанишниот град Сјамен, на источниот брег на Кина

Украинските војници тврдат дека во текот на викендот собориле вооружен дрон од кинеско производство на нивна територија, јавува Си-ен-ен.

Дронот бил „Мугин-5“, комерцијален дрон направен од кинески производител со седиште во пристанишниот град Сјамен, на источниот брег на Кина.

Некои технолошки блогери велат дека се познати како „Алибаба беспилотни летала“ бидејќи биле достапни за продажба до 15 000 долари на веб-страниците на кинескиот пазар.

Компанијата „Мугин Лимитед“ потврди за Си-ен-ен дека тоа е нивен летало и го нарече инцидентот „несреќен“.

„По должината на првите линии, ние во основа правиме воздушно извидување цело време“,

изјавил Максим, 35-годишен борец за територијална одбрана.

Помеѓу саботата и неделата, Службата за безбедност на Украина (СБУ) изјави за Си-ен-ен дека нивните агенти на територијата под руска контрола ги предупредиле дека оттаму е лансиран дрон и се упатил кон украинска цел.

СБУ потоа го вклучи алармот со воените единици со седиште во источна Украина, во близина на градот Славјанск.

Во саботата околу 2 часот по полноќ, борците на 111-та бригада на територијалната одбрана на Украина слушнале беспилотно летало, па дури и виделе трепкачко светло на леталото.

„Од звукот, од сигналното светло, војниците пукаа во него и го соборија дронот“,

рекол Максим.

Според него, дронот летал на многу мала височина, доволно блиску за да го собори со пиштол.

Во јануари, официјални лица во областа Луганск, контролирана од Русија, соопштија дека го собориле „Мугин-5“ лансиран од украинските сили.

Украинските власти не коментираа за овој конкретен инцидент, но експертите рекоа дека има докази дека двете страни во конфликтот ја користат технологијата.

Бидејќи оружјето се развива во реално време на боиштата во Украина, цивилните компании кои стојат зад технологијата сега се обидуваат да најдат начини да спречат нивните производи да влезат во воениот синџир на снабдување.

„Ние не ја одобруваме употребата. Се обидуваме да ја спречиме“,

изјави портпаролот на „Мугин Лимитед“ за Си-ен-ен.

Во претходната изјава објавена на својата веб-страница на 2 март „Мугин Лимитед“ рече дека ја „осудува“ употребата на нејзините производи за време на војна. Оттаму додадоа дека на почетокот на војната престанале да продаваат производи на Русија или Украина.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Продолжи изградбата на пристапни и пешачки патеки во Општина Гази Баба

Следно

Францускиот Парламент ќе се изјасни за контроверзниот план за пензиски реформи

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop