Украина: Турскиот претседател Ердоган може да го врати Црноморскиот договор за жито на вистинскиот пат

August 10, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган може да го врати Договорот за извоз на жито преку Црно Море „на вистинскиот пат“, пренесува Анадолу.

„Да, мислам дека може. Знаеме дека турската дипломатија работи со руската“, изјави Кулеба во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Кулеба, исто така, рече дека се бараат „алтернативни начини за извоз на пченица и други производи без да поминуваат низ Црно Море“.

„Потребна ни е одредена креативност за да изнајдеме решенија. Ќе ги бараме на сите начини, но во моментов недостигаат услови: Русија продолжува да нè напаѓа, таа претпочита војна отколку мир“, додаде тој.

На 17 јули Русија го суспендира своето учество во Договорот за извоз на жито преку Црно Море велејќи дека рускиот дел од Договорот не се имплементира. Таа бара олабавување на банкарските ограничувања и можност за испорака на руското ѓубриво за да се врати на Договорот.

Договорот, првично потпишан во јули минатата година во Истанбул од страна на Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина, имаше цел да го продолжи извозот на жито од украинските пристаништа запрен поради руско-украинската војна што започна во февруари 2022 година.

Туркије истакна дека западните земји треба да се обидат да ги решат поплаките на Русија и дека се надева оти Русија ќе се врати на Договорот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Најмалку 36 загинати во пожарите кои беснеат на осторовот Мауи, на Хаваи – историскиот град Лахаин уништен до темел

Следно

Французин со „Порше“ уапсен на ГП Табановце, возилото било предмет на потрага од Интерпол

Latest from Blog

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер

Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата

Светскиот ден на шумите, Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ја информира јавноста дека во текот на наредниот месец започнува јавната расправа за новиот Закон за заштита на природата.

Животниот век во Македонија е за пет години пократок од ЕУ

Разликата во квалитетот на животот меѓу Македонија и Европската унија сè појасно се отсликува преку еден од најважните показатели – очекуваниот животен век. Најновите податоци покажуваат дека граѓаните во земјава живеат речиси
Go toTop