Украина: Шест лица загинаа, а 25 се повредени во нападот на Криви Рог

June 13, 2023
1 min read

КИEВ (АА) – Бројот на загинати се искачи на шест, додека 25 лица се повредени утринава во ракетен напад врз градот Криви Рог во областа Днепропетровск, во југоисточна Украина, пренесува Анадолу.

„Ракетниот напад на Криви Рог однесе шест животи. Спасувачките напори продолжуваат во уништен приватен стан. Тие сè уште трагаат по луѓе што можеби се под урнатините“, изјави гувернерот Серхи Лисак на Телеграм, додавајќи дека 19 од 25 повредени се хоспитализирани.

Гувернерот Серхиј Лисак на Телеграм изјави дека за време на нападот на Криви Рог биле оштетени цивилни згради, вклучително и петкатница.

Тој рече и дека се опожарени становите во зградата меѓу првиот и петтиот кат и дека пожарот зафатил 700 квадратни метри, кој активно го гаснат пожарникарите и спасувачите на терен.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски по повод последниот напад на Телеграм најави дека на Русија никогаш нема да ѝ биде простено и дека „таа ќе сноси одговорност за секоја ракета што ќе ја лансира“.

„За жал, има мртви и повредени. Продолжува операцијата за спасување во Криви Рог. Сочувство до сите што ги загубија своите најблиски“, рече Зеленски.

Според податоците на Обединетите нации, во војната меѓу Русија и Украина, која започна во февруари 2022 година, загинаа повеќе од 8.900 цивили, а повеќе од 15.400 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Мбапе доби „шлаканица“ од Перез

Следно

(ВИДЕО) Тројца убиени, исто толку ранети и еден уапсен во Нотингем, градот е под целосна блокада

Latest from Blog

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш

Од 19:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш е нормализиран, информира АМСМ. Претходно АМСМ соопшти дека поради случена сообраќајна несреќа од 14:46 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш

Ким Кардашијан не верува во слетувањето на Месечината: НАСА ВЕДНАШ СЕ ОГЛАСИ

Во својата нова епизода од „Кардашијан“ риалити ѕвездата Ким Кардашијан изјави дека и таа припаѓа на групата луѓе кои веруваат во една од најпознатите теории на заговор за слетувањето на Месечината. Имено,
Go toTop