Украина: Русија изврши воздушни напади врз инфраструктурата на пристаниште на Дунав

July 24, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Русија синоќа ја гаѓаше инфраструктурата на пристаништето на реката Дунав во напад извршен со беспилотни летала во регионот Одеса, во Украина, соопштија украинските власти, јавува Анадолу.

Олег Кипер, началник на Воената управа на областа Одеса во Украина, во изјавата на својот профил на социјалните мрежи рече дека руски војници синоќа извршиле уште еден напад врз овој регион.

Истакнувајќи дека Русите ја гаѓале инфраструктурата на пристаниште на Дунав, Кипер рече:

„Русите четири часа ги напаѓаа пристаништата со беспилотни летала ‘Шахед’. Нашите сили за воздушна одбрана уништија три беспилотни летала.“

Наведувајќи, исто така, дека во нападите се повредени шест лица, Кипер истакна дека хангарот натоварен со жито е уништен, а магацинот е оштетен.

Украинската заменик-министерка за одбрана, Ана Маљар, изјави дека украинската армија во изминатата недела ослободила повеќе од 12 квадратни километри на југ, додавајќи дека од почетокот на офанзивата на јужниот фронт се ослободени повеќе од 192 квадратни километри украинска територија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мис Италија ќе прима само „фабрички жени“

Следно

ВОДИЧ ЗА КУЛТУРНАТА ПРОГРАМА ЗА 60-ГОДИШНИНАТА ОД СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС

Latest from Blog

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.
Go toTop