Украина: Русија изврши нов масовен напад со дронови

1 min read

Според тврдењата на Герашченко, биле лансирани 35 дронови од страна на Русија

Повеќе градови во Украина биле мета на нов масовен напад со дронови од страна на Русија во текот на изминатата ноќ, објавија украинските власти.

Гаѓани биле Лавов и Запорожје, како и главниот град Киев.

Поранешен министер и актуелен советник во украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко објави дека украинските сили успеале да соборат 32 од 35 лансирани дронови, а повеќе од 20 биле во Киев.

Киевската воена управа исто така објави дека Москва извршила напад со дронови во раните утрински часови, предупредувајќи ги жителите да се засолнат во скривниците.

Во Лавов, пак, според тамошната воена управа, запален бил дел од критичната инфраструктура, а претходно градоначалникот Андриј Садовиј извести дека има експлозии во градот и околината.

Во Запорожје, пак, беше објавена тревога од воздушен напад, а властите рекоа дека градот е мета на жесток напад во изминатите неколку дена.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Данска го укинува тестот за дански јазик како услов за медицинските сестри

Следно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Надзор над „Бехтел и Енка“ – по три месеци предистрага, обвинителството успеало да ги обезбеди броевите на тендерите

Latest from Blog