Украина најавува контраофанзива во Бахмут, руските сили го бомбардирале Суми

March 24, 2023
1 min read

Според украинските власти, руски воени авиони го бомбардирале североисточниот регион Суми во текот на изминатата ноќ

Украински војници / Фото: EPA-EFE/PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Украина подготвува контраофанзива бидејќи оценува дека рускиот напад на Бахмут, каде што се водеа главните битки изминатиот период, сега слабее.

Најавата за контранападот дојде од командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски, според кого членовите на руската паравоена група „Вагнер“, кои биле на фронтот заедно со руските сили во Украина, „им недостасува сила“.

„Ќе ја искористиме оваа можност многу брзо, како што направивме претходно во близина на Киев, Харков и Купјанск“,

посочи Сирски.

Додека стигнуваат ваквите најави, руските воени авиони го бомбардирале североисточниот регион Суми во текот на изминатата ноќ.

Според украинските власти, биле истрелани повеќе од 10 бомби врз цели во овој регион.

Суми досега често беше жртва на прекугранични артилериски напади, но регионот досега не беше цел на воздушно бомбардирање кое е концентрирано на тоа ниво како што било во текот на ноќта.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Узрупиран дел од Маркова Река кај Горно Лисиче (ФОТО)

Следно

ФОТО: Лажни фотографии од апсење на Трамп се шират на социјалните мрежи

Latest from Blog

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу. Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на

САД: Федерален судија нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк со кауција

ВАШИНГТОН (АА) – Федерален судија во американската сојузна држава Вермонт денес нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк, која беше контроверзно приведена од агенти за имиграција кон крајот на март, со кауција,

Турција и Грција ќе ја прошират соработката за достигнување на целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Соработката меѓу Анкара и Атина ќе се прошири во различни сектори за да се постигне целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија, изјави денес турскиот заменик-министер за надворешни
Go toTop