Бујар Османи: Темата за ЕУ интеграции не смее да биде дел од дневно партиските пресметки

August 30, 2025
1 min read

Османи со апел за обединување околу европската иднина: Ајде да потпишеме меѓупартиски договор и да не се препукаваме за ЕУ.

Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир и поранешен министер за надворешни работи, упати јасна порака дека е потребно национално единство околу европската интеграција на земјата, откако му беше поставено прашање за коментар на ставот на Венко Филипче за уставните измени.

„Јас мислам дека најдобриот пат за Република Северна Македонија да стане дел од Европската унија е да ги задржи правилата коишто ги договоривме. Секое од тие правила не штитат нас, бидејќи како што сум рекол, тие правила се филтер за да нема нови барања,“ изјави Османи, предупредувајќи дека секое отстапување би значело влегување во „непозната територија“ каде секој може да наметнува нови услови.

Во одговорот, Османи отвори конструктивна теза, предлог за национален политички договор пр примерот на Хрватска, со кој темата за ЕУ нема повеќе да се користи за меѓупартиски напади.

„Колку пати сум барал, ајде да потпишеме меѓупартиски договор, за темата Европска унија да не ни биде дел од дневно политички препукувања. Ајде да се натпреваруваме за образование, за здравство, меѓутоа за ЕУ – не. Тоа сум го земал од примерот на Хрватска. Кога премиерот и лидерот на опозицијата си подадоа рака и рекоа, никогаш да не се препукуваат на оваа тема, работите им тргнаа. И што се случи? Имало најтешка поларизација, но никогаш опозициски политичар во Брисел не зборувал против владата за темата ЕУ,“ рече Османи.

Тој повика сите политички партии во државата да покажат зрелост и да ја споделат одговорноста за европската агенда.
„Ајде да потпишеме договор сите политички партии дека за тема Европска унија нема да се критикуваме, нема да се напаѓаме, ќе ја преземеме заеднички одговорноста. И ајде да ги почитуваме договорите, бидејќи тие не штитат нас. Тоа е нашиот став,“ заклучи Османи.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисајловски од Брвеница: Кога зад тебе стојат резултати – довербата е заслужена!

Следно

Жоао Невеш двапати за само 7 минути постигна голови со „ножички“ (ВИДЕО)

Latest from Blog

ПСЖ се засили со репрезентативец на Франција!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила. Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до

Драма на Преспанското Езеро, 71-годишен рибар исчезна во водата, го бараат нуркачи од „Тигар“

Седумдесет и едногодишен скопјанец исчезнал вчера во водите на Преспанското Езеро, откако скокнал од чамец за да ги земе веслата кои му паднале во водата. Како што информира МВР, случајот бил пријавен

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои

Нетанјаху го отфрла планот на Трамп за Газа

Неговата изјава доаѓа една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп објави значителен напредок во разговорите. Одборот за мир (BoP) на Трамп потоа презентираше нов план од 15 точки, кој треба да воспостави

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до
Go toTop