Украина: Касетните бомби нема да ги користиме во урбани области, само на фронт за деокупација на нашите територии

July 8, 2023
1 min read

Украинските власти ја поздравија одлуката на САД да испратат касетна муниција во земјата. Министерот за одбрана Олексеј Резников на Твитер објави дека новото оружје значително ќе помогне да ги деокупираат украинските територии, истовремено спасувајќи ги животите на украинските војници. Муницијата нема да се користи на официјалната руска територија, вели Резников во објавата.

„Нашиот став е едноставен – мораме да ги ослободиме нашите привремено окупирани територии и да ги спасиме животите на нашите луѓе. Украина ќе ја користи оваа муниција само за деокупација на нашите меѓународно признати територии. Оваа муниција нема да се користи на официјално признатата територија на Русија“,

напиша Резников.

Олексеј Резников, министер за одбрана на Украина
Фото: Би-би-си

Тој објаснува дека имаат неколку принципи за употребата на ова оружје и дека за тоа ги информирал и стратешките партнери, вклучително и САД.

„Нема да користиме касетна муниција во урбаните области (градови) за да ги избегнеме ризиците за цивилното население – тоа се наши луѓе, тие се Украинци кои имаме должност да ги заштитиме. Касетната муниција ќе се користи само на полињата каде што има концентрација на руска војска. Тие ќе се користат за пробивање на непријателските одбранбени линии со минимален ризик по животите на нашите војници. Спасувањето на животите на нашите војници, дури и за време на исклучително тешки офанзивни операции, останува наш главен приоритет“

додава Резников.

Вчера американскиот претседател Џо Бајден за Си-ен-ен потврди дека САД за првпат ќе и испратат касетна муниција на Украина и оти е убеден дека ова оружје му е потребно на Киев за противофанзивата против Русија.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, кажа дека одлуката Бајден ја донел по едногласна препорака од целиот тим за национална безбедност.

Русија, како што наведе Саливен, користи касетна муција од почетокот на војната, а Украина ја бара за да се одбрани од руската агресија.

„Постои голема разлика помеѓу типот на касетна муниција што ја користи Русија и видот што САД би го испратиле во Украина. Русија веќе расфрлила десетици милиони од ова оружје на украинска територија. Мораме да се запрашаме – Дали украинската употреба на касетната муниција во истата област претставува дополнителна закана за цивилите, со оглед на тоа дека таа територија сепак ќе мора да биде деминирана“,

рече Саливен.

Касетната муниција, често наречена и касетни бомби, претставува канистер кој во себе носи десетици до стотици мали бомби, наречени подмуниција. Канистрите можат да бидат исфрлени од авион, испалени во проектил или од артилерија, бродски топови и ракетни фрлачи

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА СРПСКИОТ РЕЖИСЕР И СЦЕНАРИСТ СРЃАН КОЉЕВИЌ

Следно

Израел подготвува план за копнена траса за поврзување на пристаништата со ОАЕ

Latest from Blog

“БОМБА“: И Барса се вклучува во трката по Родри!!!

Уф, каква “бомба“ денеска лансираат медиумите во Шпанија, поточно во Каталонија! Апсолутно сите релевантни инсајдери од фудбалскиот пазар се убедени дека Родри ќе стане нов член на Реал Мадрид, но сега доаѓа

ВО ОВИЕ ДРЖАВИ ЌЕ СЕ ДЕПОРТИРААТ МИГРАНТИТЕ ОД ЕУ – Само една држава примател е од нашиот регион

Се прочистува и финализира списокот на држави во кои ќе се депортира “вишокот“ мигранти од Европската унија, пред се оние дојдени од Азија и Африка. На состанокот на Советот на ЕУ на

Максим Димитриевски: Додека други нарачуваат анкети, единствено ЗНАМ разговара со народот на терен

Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека ЗНАМ останува единствената политичка партија која континуирано е на терен,

Максим Димитриевски: Додека други нарачуваат анкети, единствено ЗНАМ разговара со народот на терен

Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека ЗНАМ останува единствената политичка партија која континуирано е на терен,

Инфантино во проблеми: Го моли Трамп да го “спаси“, ама претседателот на САД не му одговара на повиците!

фото: Football Tweet (X) Зарем навистина Џани Инфантино мислеше дека со Доналд Трамп може да се прави договор и истиот да се почитува? А што мислеше кога “влезе“ во “дил“ со првиот
Go toTop