Украина гори цела генерација свои луѓе

March 22, 2023
1 min read

„Економист“ извести за присилни мобилизации во целата земја (види: „Во Украина мобилизацијата оди сè потешко“). Регрути без никакво искуство или обука се праќаат на фронтот каде, според британскиот министер, се случуваат масакри слични на оние од Првата светска војна.

Бројките од жртвите се држат во тајност но ги знаеме проценките дека се работи најверојатно за 120.000 луѓе.

Команданти на батаљони му признаа на Вашингтон пост дека украинските регрути масовно ги напуштаат своите позиции. Ова се човечки суштества и сведочиме на срамно отсуство на емпатија за обичните луѓе во овдешната воена реторика.

Украина гори цела генерација свои луѓе. Синови, сопрузи, браќа, татковци кои никогаш нема да можат да бидат заменети. Ова не може да продолжи бесконечно а од воените генерали кои седат овде и ги праѓаат луѓето да гинат – ми се гади!

Ни треба мир, ни треба дијалог, колку и тој да ни биде непријатен.

**********

Види и:

Дали тие ја слушаат Дали?

Украина меѓу руски тенкови и европски банки

Која е ЕУ да зборува кој е спонзор на тероризмот?

Клер Дали повторно делеше воспитни

Летаа шамари за лицемерието во Европскиот парламент

Џамбаски уцвика од Клер Дали

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

УЕФА одобри знаме со карта на „Голема Унгарија“ во евроквалификациите

Следно

Претседателката на Косово бара Србија да биде казнета поради непочитување на договорот за нормализација

Latest from Blog

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop