Украина го отфрли рускиот мировен предлог од претседателот Путин

June 14, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Украина денес ја одби мировната понуда на рускиот претседател Владимир Путин, тврдејќи дека нема нови „мировни предлози“ од Москва, јавува Анадолу.

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак во изјава за Х рече: „Нема нови мировни предлози од Русија“, и додаде дека руското раководство несоодветно ја проценило реалноста.

Претходно истиот ден Путин на состанокот со вработените во Министерството за надворешни работи во Москва рече дека Русија му дава „уште еден конкретен, вистински мировен предлог“ на Киев.

„Доколку Киев и западните престолнини го отфрлат како порано, тогаш тоа е нивна работа, нивна политичка и морална одговорност за продолжување на крвопролевањето“, рече Путин.

Русија започна „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скандал во „Никогаш не е доцна“: Заради местење при гласањето дисквалификувани се двајца кандидати

Следно

Битиќи гласаше против собраниските комисии, лут зошто Лукаревска ја „доби“ финансирање и буџет

Latest from Blog

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,
Go toTop