Украина: Еколошки проблеми во регионот по уривањето на браната „Каховка“

June 7, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – По уривањето на браната и хидроелектраната „Каховка“ во Украина, во регионот се појавија еколошки проблеми, известува Анадолу.

На социјалните мрежи споделени се снимки од масовен помор на риби во селото Марјанске на брегот на реката Днепар.

На снимката, на која е прикажана голема површина од каде што се повлекла водата, може да се забележат голем број мртви риби и риби што се борат за живот на суво.

Корисниците на социјалните мрежи тврдат дека масовниот помор на рибите е последица на уривањето на браната „Каховка“.

Андриј Јермак, шеф на Кабинетот на претседателот на Украина, на својот профил на социјалните мрежи ја сподели спорната снимка, користејќи го изразот „Еколошки масакр предизвикан од човекот, извршен од страна на Русија“.

– Се појави и проблем со водата за пиење –

Како последица на уривањето на браната „Каховка“, во поплавените подрачја настана проблем со водата за пиење.

Корисниците на социјалните мрежи споделија снимки од жителите на градот Криви Рог во регионот Днепар како купуваат значителни количини големи шишиња вода од продавниците. На снимката може да се забележат испразнети полици на кои се наоѓале големите шишиња вода.

Украинските власти соопштија дека почнале со работа за обезбедување вода за пиење за луѓето што ја користеле водата од браната „Каховка“.

– Во реката Днепар се излеале 150 тони гориво –

Украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко, во вчерашното соопштение објави дека 150 тони мазут се излеале​​​​​​​ во реката Днепар поради уништувањето на машинскиот дел на хидроелектраната „Каховка“.

Министерот Клименко изјави дека групи со потребната опрема почнале да работат на отстранување на можните последици од еколошката катастрофа.

Како резултат на уривањето на хидроелектраната „Каховка“, околу 80 населени места се прогласени за поплавени зони, а 23 населени места беа поплавени во рок од 24 часа по уривањето на браната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СВЕТСКИ АРХИТЕКТИ ВО СКОПЈЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА 60 ГОДИНИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ И 110 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА КЕНЗО ТАНГЕ

Следно

Винисиус прогласен за најдобар фудбалер на Реал Мадрид

Latest from Blog

Меган Маркл и принцот Хари најавија нов проект во соработка со Нетфликс (ВИДЕО)

Војводата и војвотката од Сасекс ќе го продуцираат филмот за стриминг услугата преку нивната компанија Archewell Productions. Како што објави Deadline, 44-годишната Меган и 41-годишниот принц Хари соработуваат на проектот со продуцентката

Араухо ја „преброди“ психолошката криза

Фото: ФЦ Барселона X Роналд Араухо се опорави и се враќа на тренинзите на Барселона. Каталонските медиуми денес потврдија дека Уругваецот успеал да се опорави од психолошките проблеми и се очекува да

Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година,

Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година,
Go toTop