Украдената картичка им донесе 500.000 евра – сопственикот им нуди договор

February 25, 2025
1 min read

Необична приказна од Тулуз стана центар на медиумското внимание – двајца крадци украле паричник, со украдената картичка купиле лото тикет и освоиле 500.000 евра!

Жан Дејвид, сопственикот на картичката, на почетокот на февруари забележал дека му недостасува ранецот од автомобилот. Веднаш ја блокирал картичката, но потоа дознал дека веќе била искористена за купување на лото тикет од 50 евра.

Полицијата брзо ги идентификувала сторителите – двајца бездомници, кои се претставиле како сомнителни на касата во продавницата. Националната лотарија ја блокирала добивката, а Дејвид одлучил да ја искористи ситуацијата на несекојдневен начин.

„Ако не ме контактираат, тикетот е бескорисен. Подготвен сум да преговарам. Без мене тие немаше да го купат тикетот, а без нив немаше да можам да ја платам хипотеката“, изјави Дејвид.

Неговиот адвокат потврдува дека нема намера да ги гони крадците ако му се јават.

„Ова е можност за нив да почнат нов живот“, вели тој.

Според правилата, добитниците имаат 30 дена да ја подигнат наградата, а Дејвид се надева дека наскоро ќе се договорат.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Следно

Македонија послаба од лани: Ова е листата на најмоќните војски во светот

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop