УЕФА разгледува зголемување на бројот играчи за ЕУРО 2024

March 28, 2024
1 min read

Европската фудбалска федерација (УЕФА) на состанок следниот месец ќе разговара за можноста за проширување на бројот на играчи за претстојното ЕУРО 2024 во Германија.

Според сегашните правила, секоја репрезентација може да пријави по 23 фудбалери на ЕП, а предложено е проширување бројката на 26 играчи.

Како што пренесува германската агенција Дпа, ваков предлог до УЕФА испратиле неколку репрезентации кои ќе учествуваат на завршниот турнир.

„Добивме неколку пораки од селекторите на репрезентациите во врска со бројот на членови на поединечни селекции на ЕП 2024. Работната група на УЕФА и претставниците на репрезентациите учесници ќе ги разгледаат предлозите на селекторите на 8 април и ќе ги проучиме сите можни решенија и идеи“, соопшти УЕФА.

На последното Европско првенство во 2020 година, поради епидемијата на коронавирус, репрезентациите пријавија по 26 фудбалери, а 26 играчи ќе можат да се пријават и за СП 2026 во САД, Канада и Мексико

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите

Следно

КЕЈТ НЕ ОТКРИ ЗА КАКОВ РАК СЕ РАБОТИ ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИ ДЕЦАТА – но кралскиот портпарол откри со каков пекол се бори принцезата, жени добро прочитајте!

Latest from Blog

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството

Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој
Go toTop