Учество на Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО

December 3, 2024
1 min read

На покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што се одржа во Брисел, во седиштето на НАТО Алијансата.

Во рамките на сесијата посветена на југот, во присуство на кралот на Јордан, Абдула Втори, министерот Муцунски, во име на нашата држава и земјите од регионот, Албанија, Хрватска и Црна Гора, ги пренесе ставовите за важноста која Алијансата ја дава на овој значаен регион за НАТО, особено на Јордан како близок партнер на Алијансата. Министерот ја истакна потребата од поблиска соработка во справувањето со заедничките предизвици и закани, како што се тероризмот и одржувањето на стабилноста во регионот. Тој ја акцентира важноста од отворањето на Канцеларијата за врски на НАТО во Аман, што ќе даде нов поттик во односите помеѓу НАТО и Јордан, како и дополнителна вредност за развојот на партнерските односи со земјите од Јужното соседство.

Министерот Муцунски се обрати и на Советот НАТО – Украина, на кој учествуваа новиот министер за надворешни работи на Украина, Андри Субиха, и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Маја Калас. Во своето обраќање, министерот ја потенцираше важноста од продолжување на поддршката што земјите, индивидуално и заеднички во рамките на Алијансата, ја даваат на Украина. Тој ја истакна нашата недвосмислена определба за севкупна поддршка на Украина во нивната борба за обезбедување на мирот, независноста, територијалниот интегритет и суверенитетот. Притоа, ја нагласи потребата од реализација на реформските напори на Украина, преку имплементација на зацртаните приоритети што ќе овозможат целосна интероперабилност со земјите членки на НАТО, со цел понатамошна евро-атлантска интеграција на земјата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски од Брисел: Ултиматуми не прифаќаме, но подготвени сме да разговараме за отворање на првиот кластер

Следно

Мицкоски- Кошта: Претставени позициите на Македонија во однос на европските интеграции

Latest from Blog

Зголемување на старосната граница за заминување во пензија е штетна и ние во целост ја отфрламе, вели потпретседателката на СДСМ Кристина Костова.

Ваква мерка ќе придонесе за дополнителна дестимулација за вработување на младите, кои поради неповолните услови за пензионирање, уште повеќе ќе си го бараат чарето надвор од државата. Политичките одлуки на ДПМНЕ имаат

Сомнителна кеса со плински боци и запалива течност пред објектот на Фондот за социјално осигурување во Атина

Мали плински боци и шишиња со запалива течност, содржела сомнителната кеса што утрово беше пронајдена пред објектот на Фондот за социјално осигурување во атинска населба, по што беа евакуирани вработените и затворена

Шведска вклучи електричен траект во јавниот превоз

Шведска направи уште еден чекор кон поодржлив јавен транспорт со пуштање во сообраќај на електричниот ферибот SWE Nova, јави Анадолија. Шведската компанија Кандела стана првиот производител на електрични фериботи што воведе таков
Go toTop