Учениците се вратија во школските клупи, годинава првпат ќе имаат и пролетен распуст

September 1, 2023
1 min read

За трето и шесто одделение наставата ќе се одвива по нова програма поради што се печатат и нови учебници. Министерот Шаќири рече дека за третоодделенците во текот на наредната недела ќе се достават учебниците, додека за шестоодделенците очекува тоа да се случи во текот на септември

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Над 200 000 ученици од основните и средните училишта во земјава од денеска ја започнуваат новата учебна година, а ќе ја завршат на 17 јуни 2024 г. За првпат, оваа школска година учениците ќе имаат и пролетен распуст кој ќе трае една недела односно од 29 април до 5 мај.

Новини годинава ќе има и во наставата за трето и шесто одделение бидејќи почнува да се применува нова наставна програма согласно новата Концепција за основно образование која етапно почна да се користи од 2020 година. Од тие причини за овие две одделенија се печатат и нови учебници кои сè уште не се готови. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера рече оти почетокот на следната недела тековно ќе се доставуваат учебници за третоодделенците, додека за шестоодделенците ќе се доцни повеќе односно очекувањата се да им бидат испорачани во текот на септември.

„Учебниците за трето одделение се одобрени и во тек е постапката за печатење и доставување. За сите предмети се одобрени и се во фаза на техничко-графичко регулирање и во печатење. Така што денеска, утре, на почетокот на неделата, тековно ќе се доставуваат. Истото ќе се случи и со учебниците за шесто, кои се во напредна фаза на одобрување од Националната комисија за учебници. Потоа може да има жалбена постапка од одредени автори, но до крајот на септември тие ќе бидат доставени до сите ученици“,

рече Шаќири.

Во меѓувреме, на располагање ќе бидат помошни материјали за трето и шесто одделение, кои ги изработи Бирото за развој за образованието, наменети и за учениците и за наставниците, и достапни во електронска форма на веб-страницата на Бирото.

По повод новата учебна година, утрово со порака се огласи и Народниот правобранител кој им посака успешна година на сите ученици, особено на првачињата и апелира до сите што се вклучени во воспитно-образовниот процес, и до родителите, максимално да се посветат на образованието и воспитувањето на децата.

Омбудсманот повикува тие да се работи со децата, да им се даде потребното внимание и грижа, да им се обезбедат помош и поддршка, разбирање за прашања во врска со училишниот, но и секојдневниот живот, „притоа почитувајќи ги децата како носители на права и водејќи сметка најдобриот интерес на детето да биде водечки при донесувањето одлуки“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И во Грција гужви за лични карти, ама не заради капитулација

Следно

Пентагон: „Вагнер во суштина е готов“

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop