УЧЕНИЦИТЕ НА РОДОЉУБ АНАСТАСОВ СО СВОИ ДЕЛА ЌЕ ГО СЛАВАТ 90. РОДЕНДЕН НА ПРОФЕСОРОТ НА 25 ФЕВРУАРИ ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

February 21, 2025
2 mins read

„Сите деца на Родољуб Анастасов“ е насловена изложбата во чест на 90. роденден на доајенот на македонското сликарство и професор од првата генерација професори на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје. Изложбата во чест на Родољуб Анастасов ќе се отвори на 25 февруари во 20 часот во Музејот на Град Скопје.

Авторите на изложбата, Јасминка Намичева и Екатерина Намичева-Тодоровска, ги поканија сите студенти од сликарските класи на професорот Анастасов од ФЛУ (1980-2000) да се приклучат со свое дело во чест на јубилејот. На изложбата ќе бидат претставени дела на 42 уметници: Новица Трајковски, Катерина Апостолска де Сиро, Славчо Соколовски, Бојана Артиновска, Јован Шумковски, Благоја Маневски, Константин Качев, Симонида Филипова-Китановска, Жанета Вангели, Ѓорѓи Томовски, Миро Масин, Станислава Шаровиќ, Страхил Петровски, Ванчо Јаков, Малка Конеска, Борис Шемов, Елизабета Наумческа, Адем Сулејмановски, Новица Арсовски, Димитар Младеновски, Јован Балов, Ристо Мијаковски, Јулијана Гешоска, Светлана Коруновска-Аџигогова, Виолета Сиљан, Владо Мукоски, Соња Куновска, Марија Величковска, Милош Милосављевиќ, Александар Спасовски, Весна Ничевска, Перица Георгиев-Пепси, Јана Куновска, Трајче Чатмов, Гордана Вренцоска, Александар Иванов, Наташа Андонова, Влатко Костовски, Слободан Биневски, Филип Блажевски, Тања Таневска и Горјан Ѓорѓиев.

„Анастасов, покрај тоа што подари на својата Македонија безмалку 500 дела од целокупниот свој бесценет сликарски опус, што е одраз на неговото големо родољубие, сепак, тоа што е уште поголемо родољубие и тоа што самиот Анастасов го смета за свој најголем придонес кон општеството е што тој со својот спокоен и ненаметлив сензибилитет, затскриен зад навидум намќорестата молчалива физиономија, но, исполнет со бескрајна љубов и грижа за ‘другиот’, успеа да си обезбеди трајно место во срцата на своите ученици и студенти од Училиштето за применета уметност (1968 ) и Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје (1980-2000), каде предавал цртање и сликање на додипломски и постдипломски студии“, велат кураторките.

„Автопортрет со птица“, дело на Анастасов. (Фото: Музеј на Град Скопје)

Намичева и Намичева-Тодоровска велат дека и студенти кои само ги следеле неговите предавања, како и магистранти, но и оние кои денес, посакале да се дел од изложбата, па така пристигнале дела од Австралија, САД, Бугарија, Германија, Швајцарија

„И како што Манчевски во една реплика од неговиот филм ‘Врба’ вели: ‘Мајка-не раѓа, мајка-сака’ така и Родољуб, вградувајќи бескрајно многу љубов во своите ученици и студенти, создаде одлични уметници и брилијантни луѓе, со што животната мисија на човекот и учител Анастасов е повеќе од успешна. Токму затоа на оваа изложба се собраа ‘Сите деца на Родољуб Анастасов’“ за да ја слават човековата добрина преку уметноста, така како што ги научи ‘великиот Анастасов’ и да се заблагодарат на човекот кој ја вгради сета своја уметничка ука, човечка љубов и родителско внимание во генерациите кои минаа низ неговото даскалско атеље“, велат кураторките.

Анастасов е еден од најважните сликари во современата македонска уметност. Во 2009, Американскиот биографски институт го вброи Анастасов меѓу 500 најголеми генијалци во светот во 21. век.

Анастасов во 1962 година дипломирал на Уметничката академија во Белград. Од 1963 до 1965 бил на робија на Голи Оток. По враќањето во Скопје почнал да работи на полето на нефигуративната уметност. Од 1980 до пензионирањето беше професор на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје. Во 2011, Анастасов на Музејот на Град Скопје му подари збирка од вкупно 389 дела.

Изложбата ќе биде отворена до 18 март.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ѝ во Скопје се пие добро кафе – „The Dude Specialty Coffee“ прогласена за една од 100-те најдобри кафетерии во светот

Следно

За 20 дена полицијата напиша 18.132 казни – 1.510 од нив возеле без возачка дозвола!

Latest from Blog

Турските власти разоткрија голема измама со кредитни картички на туристи во Кушадаси

Турската жандармерија во округот Ајдин во голема операција разоткри измама со кредитни картички во туристичкиот град Кушадаси, со вкупна штета од речиси 30 милиони долари, објави „Туркије тудеј“. Полицијата спровела координирани акции

Стејт департментот потврди за мигрантите: Разговараме со земјите од Балканот во рамки на поширока стратегија

Земјите од балканскиот регион се вклучени во разговори во рамки на поширока американска стратегија за депортација на странски државјани без регулиран статус, потврдија за „Радио Слободна Европа“ од Стејт департментот. Американското Министерство

Сабаленка: Условите во финалето на Ролан Гарос беа ужасни

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пожали на временските услови на натпреварот против Американката Коко Гоф во финалето на Отвореното првенство на Франција. Белорусинката вчера загуби во три сета – 7:6 (7:5), 2:6,

Трамп го предупреди Маск за „сериозни последици“ доколку ги финансира демократите

ИСТАНБУЛ (АА) — Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди на „многу сериозни последици“ доколку милијардерот Илон Маск ги финансира демократските кандидати против републиканците кои го поддржуваат сеопфатното буџетско законодавство на Републиканската партија, известува
Go toTop