Учениците ќе треба да се враќаат пешки од училиште – Јаневска го осуди проблемот со јавниот превоз, но нема одлука за наставата

November 21, 2024
1 min read

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, го осуди проблемот со јавниот превоз во Скопје, оценувајќи го како сериозно попречување на правото на учениците да добијат образование, што е загарантирано со Уставот, но сепак не ги пушти учениците да отсуствуваат од настава. Сепак проблемот е како ќе се враѓат тие дома, бидејќи часовите траат и попладне.

„Во главниот град на Македонија, недозволиво е учениците да се соочуваат со вакви пречки. Состојбата е срамна, а целата наша работа за подобрување на образованието е загрозена од неорганизираноста на градските власти,“ изјави Јаневска.

Директорите на скопските средни училишта потврдија дека наставата продолжува редовно, и покрај тешкотиите со јавниот превоз. Наставниците покажуваат разбирање за ситуацијата, но одлука за евентуални промени може да донесе само Владата.

Јаневска упати апел до градските власти да ја сфатат сериозноста на проблемот и веднаш да најдат решение. „Секое доцнење е дополнителен товар за учениците и нивните семејства,“ заклучи министерката.

Министерката потврди дека анализите на Министерството за образование и наука покажуваат дека нема значајно зголемување на изостаноци во овој период споредено со истиот период минатата година. Сепак, таа посочи дека ова се должи на напорите на родителите и учениците, кои сами наоѓаат решенија, како и на разбирањето од наставниците.

Јаневска изрази поддршка за најавените протести на студентите пред Град Скопје, доколку итно не се реши кризата со превозот.

„Студентите се во право. Имаат легитимно право да го искажат својот револт. Ако ова е начин да се дојде до решение, јас ги поддржувам,“ рече министерката.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаневска: Недозволиво е да се попречува основното право на учениците да се образуваат поради неорганизирање превоз

Следно

ВМРО-ДПМНЕ за 75% го намали буџетот за Центарот за промоција на македонскиот јазик во Љубојно

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop