Јаневска: Недозволиво е да се попречува основното право на учениците да се образуваат поради неорганизирање превоз

November 21, 2024
1 min read

Тоа што во главниот град на државата нема превоз, го попречува основното право на учениците да се образуваат, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, прашана за проблемот со градскиот превоз во Скопје.

-Анализата на Министерството од е-Дневникот покажа дека нема значајна разлика на неоправдани изостаноци во овој период во споредба со истиот период минатата година. Претпоставувам дека учениците и родителите прават најдобро што можат, односно се организираат за нивните деца да стигнат на училиште, но и наставниците имаат разбирање за ова што се случува. Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град на
Македонија да им се оневозможи правото на учениците да добијат соодветно образование што е загарантирано право и со Уставот, изјави Јаневска, додавајќи дека е недозволиво сите напори кои ги прави Министерството за образование и наука, промените за подобрување на квалитетот на образованието, да бидат спречувани поради неорганизираност на градските власти.

Изрази надеж дека градските власти сериозно ќе ја сфатат оваа ситуација и итно ќе најдат соодветно решение.

Министерката рече дека ги поддржува студентите кои најавија дека ќе се приклучат на протестот пред Град Скопје, доколку не се реши проблемот со градскиот превоз.

-Студентите се апсолутно во право, имаат право својот револт на каков било соодветен начин да го изразат и ако ова е единствениот начин да најдат решение за нивниот проблем, јас ги поддржувам, одговори Јаневска.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Унгарија ќе инсталира ПВО систем на границата со Украина

Следно

Учениците ќе треба да се враќаат пешки од училиште – Јаневска го осуди проблемот со јавниот превоз, но нема одлука за наставата

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете
Go toTop