Убиство во психијатриска болница Бардовци

August 5, 2025
1 min read

Осуденик хоспитализиран во Психијатриската болница во Бардовци, со стаклено шише усмрти пациент – исто така осуденик.

Доцна во ноќта дошло до тепачка помеѓу двајцата пациенти на Одделот за лекување на осудени лица, а по ударите со стакленото шише 62 годишниот пациент во бесознание бил пренесен во Ургентниот центар на Комплексот клиники „Мајка Тереза„ каде што наскоро починал, информираат од МВР.

МВР

– Во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, Скопско. Д.С. е задржан во собата каде се случил настанот. Имено, Д.С. е осудено лице за сторено кривично дело „убиство“, додека И.Т. бил осуден за кривично дело „семејно насилство“. 

Како пациентот осуден за убиство дошол до стаклено шише и дали ќе се формира посебна Комисија за случајот, засега нема одговор – од Психијатриската болница велат дека во интерес на истрагата, не споделуваат подетални информации. 

ЈЗУ „Психијатриска болница Скопје “ 

– Околу 03:00 на местото на настанот пристигнаа екипи од Единицата за насилен криминал, дежурен Јавен обвинител и Единицата за брзо распоредување, кои направија увид на местото на настанот и преземаа соодветни дејствија. Пациентот Д.С. е на Одделот за лекување на осудени лица при болницата, под надзор на полициски службеници по усмена наредба на дежурниот Јавен обвинител.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот осуденик е дадено на обдукција. Од МВР соопштуват дека по расчистување на случајот ќе биде поднесена пријава.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити за апсењето на навивачот одговорен за антиалбанските повици во Куманово: Пораката е јасна, говорот на омраза нема да се толерира

Следно

ВИДЕО: Илинденски денови 2025: Пет дена по затворањето, емоциите сè уште траат

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа
Go toTop