Меџити за апсењето на навивачот одговорен за антиалбанските повици во Куманово: Пораката е јасна, говорот на омраза нема да се толерира

August 5, 2025
1 min read

Првиот заменик претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, го поздрави апсењето на еден од навивачите одговорни за фашистичките и антиалбанските повици кои се слушнаа пред неколку дена во Куманово, за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Северна Македонија и Романија.

„Ги поздравувам институциите за брзата реакција и ефикасната работа во овој случај. Пораката е јасна, говорот на омраза нема да се толерира“, напиша Меџити.

Тој додаде дека ова е позитивен чекор во борбата против говорот на омраза и ја нагласи важноста од зачувување на спортската култура.

Меџити исто така искажа поддршка за тимот на Шкендија за вечерашниот натпревар против Карабаг, повикувајќи ги навивачите да покажат поддршка со спортска култура и национално достоинство.

„Целото наше внимание е кон гордоста на фудбалот, Шкендија. Вечерва, да ја покажеме љубовта кон татковината со примерено однесување, а не со говор на омраза кон било кого“, истакна тој.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФФМ: Поддршка и желби за успех до ФК Шкендија пред пресметката со Карабах

Следно

Убиство во психијатриска болница Бардовци

Latest from Blog

Барса со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Барселона фантастично ја започнаа новата сезона со убедлива победа против екипата на Елче со 0:5. Момците на Ханси Флик покажаа класа и најавија уште една сезона во која што ќе

ИРАН ЈА НАПАДНА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, четири дена не можат да се опорават

Хакери поврзани со Иран успеаја целосно да ја запрат работата на британска електрана дури четири дена, што се смета за еден од најсериозните сајбер напади врз енергетската инфраструктура на Обединетото Кралство, објави

Интересно: Фановите на Марсеј ја славеа титулата на Шпанија? (ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Навивачите на Олимпик Марсеј изненадија со чудна претстава за време на првиот натпревар на тимот во сезоната во Лига 1. Некои од навивачите на „Велодром“ извадија огромна кореографија во чест на

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со иранскиот парламент, изјави дека Иран добил покана да се приклучи на договорот во Мека и дека прашањето се разгледува. Рахими рече дека земјите
Go toTop