„УБИЈ ГИ ПРВО ДЕЦАТА“, ДЕБИТО НА ДИМИТАР ОРОВЧАНЕЦ, ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА САРАЕВСКИОТ ФЕСТИВАЛ

August 5, 2024
1 min read

Дебитантскиот долгометражен игран филм на Димитар Оровчанец, „Убиј ги прво децата“, ќе има светска премиера на 30. Филмски фестивал во Сараево, кој ќе се одржи од 16 до 23 август. „Убиј ги прво децата“ во продукција на „Трис филмс“ беше поддржан со 20 милиони денари (325 илјади евра) на Конкурсот во прв рок за 2020 на Агенцијата за филм, а се снимаше во 2022 во Скопје.

Филмот на Оровчанец ќе игра во програмата На отворено (Open Air), во која не се доделуваат награди. Во оваа ревијална програма ќе се прикажат 15 филмови, меѓу кои премиерно и новиот филм на босанскиот оскаровец Данис Тановиќ, како и на Рајко Грлиќ и Срѓан Вулетиќ.

Во „Убиј ги прво децата“ играат Миа Жиро, Стефан Спасов, Мартин Ѓоргоски, Адриан Азири, Александар Ѓоргиески, Стефан Вујисиќ и други. Камерата е на  Владимир Самоиловски, костимите на Ина Чолак, сценографија на Калина Игновска, монтажата на Софија Самоиловска, а музиката на Игор Василев-Новоградска.

Режисерот Оровчанец, кој во 2003 го сними долгометражниот документарец „Патот на Олга“, изјави дека „Убиј ги прво децата“ е акциона комедија, приказна за тројца тинејџери, една надмена балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот луциден најдобар другар со украден пиштол, кои во едно деноноќие заглавуваат во најтемните лавиринти на криминалното подземје поради погрешно земен телефон, кој содржи компромитирачко видео.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Клуни му се станува претседател?

Следно

Израелската армија тврди дека го убила заменик-министерот за економија на Газа

Latest from Blog

(ВИДЕО) ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ПЛАНЕТАТА – Хорор во „Големиот Кањон“ во САД, поројни поплави голтаа кампери – има загинати и десетици исчезнати!

Силни поројни дождови викендов го погодија Големиот Кањон во Аризона, при што еден човек загина, а најмалку 14 се водат како исчезнати, објави „Еј-би-си њуз“. Невремето ги поплави камповите и пешачките патеки

Америка вечерва ги нападна иранските сили во Ормуз, ИРАН ВОЗВРАТИ КОН АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВО ЈОРДАН (ВИДЕО)

Американските сили вечерва нападнаа ирански ракетни лансери на островот Ларак во Ормутскиот теснец, објавија американските претставници. Ова е првиот американски воен напад врз Иран во последниот месец. Два лансери управувани од членови

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон
Go toTop