Убиени се 122 Палестинци во израелските напади на Газа во последните 24 часа

April 10, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израел уби 33.482 Палестинци во нападите на Појасот Газа од 7 октомври минатата година досега, известува Анадолу.

Министерството за здравство во Газа објави податоци за нападите што Израел ги изведува врз Појасот Газа веќе 187 дена.

Последните 24 часа во израелските напади се убиени уште 122 Палестинци, а ранети се 56.

Бројката на убиени Палестинци се зголеми на 33.482, вклучувајќи најмалку 14.280 деца и 9.340 жени, а повеќе од 76.049 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни средства за опстанок.

Министерството на палестинската енклава информираше дека под урнатините и покрај патиштата има уште мртви, но поради препреките на израелските војници, медицинските тимови и припадниците на цивилната заштита не можат да дојдат до телата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Бајрам пораки да се запре иселувањето на младите

Следно

Бугарија пред шести предвремени избори од 2021: Техничката влада ја води Главчев

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop