Убиен познат поранешен полски боксер

January 23, 2025
1 min read

Поранешниот полски боксер Бартош Лапински (33) е пронајден мртов, закопан во нива во белгиското село Глабаис, на длабочина од повеќе од еден метар. Тој бил познат боксер, кој потоа станал бездомник и бил познат по проблемите со зависноста од дрога.

Починал по брутален напад, по што сторителите направиле сè што можеле за да го скријат неговото тело. Полјакот ѝ бил добро познат на полицијата, а бидејќи бил целосно маргинализиран, според познавачите, било тешко да се врати во нормален живот.

По тројца осомничени е распишана потерница откако минатата среда беше откриено телото на 30-годишникот.

Оваа информација ја објави обвинителството во Валонски Брабант, наведувајќи дека тој наводно бил жртва на убиство во декември 2024 година, пред да биде пренесено неговото тело до местото каде што бил погребан.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали регулацијата на криптовалутите ќе придонесе за перење на „црните“ пари? Одговара Симов

Следно

Возете внимателно, намалена видливост на повеќе патни правци

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop