Уапсени и осудени двајца државјани на Северна Македонија за внесување фалсификувани бланко документи во Грција

April 29, 2024
1 min read

Двајца државјани на Северна Македонија биле уапсени во Грција, а потоа и осудени на затворска казна, откако грчката полиција во петокот при претрес на граничниот премин Дојран кај нив пронашла 599 фалсификувани бланко документи.

Од грчката полиција соопштија дека двајцата мажи биле уапсени откако им била извршена проверка при влезот во Грција, а кај едниот, во поставата на јакната пронашле скриени вкупно 440 бланко документи (лични карти, возачки дозволи, дозволи за престој) од разни европски земји, кои биле одземени.

 

При претресот на возилото во багажникот биле пронајдени уште 159 празни документи, кои исто така биле одземени.

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека Прекршочниот суд во Кукуш, двајцата уапсени ги прогласил за виновни за фалсификување и здружување со цел економска корист и биле осудени на затворска казна од пет години.

Според АНА-МПА двајцата обвинети за време на рочиштетот не откриле детали за нивните активности и се бранеле со молчење.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД соборија пет беспилотни летала над Црвеното Море

Следно

Германија да стане калифат

Latest from Blog

ХРАНА: Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Помеѓу загинатите најмалку 1.319 се цивили од кои 206 се деца, соопшти ХРАНА повикувајќи се на податоците добиени од активистичките мрежи во Иран и од информации од здравствениот сектор. Според ХРАНА, убиени

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море,
Go toTop