Уапсени девет лица во Германија и Холандија осомничени за планирање терористички напади

July 6, 2023
1 min read

Германската полиција денеска уапси седум лица под сомнение дека основале терористичка организација со цел да извршуваат напади, слично на сценаријата на Исламска држава

Во Холандија уапсен е 29-годишен Таџикистанец и неговата 31-годишна сопруга Киргистанка, под сомнение за „подготвителни дејствија за терористички дела“. Мажот е осомничен и дека е припадник на Исламска држава.

Брачната двојка престојува во Холандија од минатата година.

Полицијата се сомнева дека Таџикистанецот „добил наредба да планира терористички напад“.

Германското обвинителство соопшти дека мажот уапсен во Холандија бил дел од групата формирана од другите осомничени, што денеска се уапсени во Германија.

Германската полиција денеска уапси седум лица под сомнение дека основале терористичка организација со цел да извршуваат напади, слично на сценаријата на Исламска држава.

Обвинителството соопшти дека уапсените се државјани на Туркменистан, Таџикистан и Киргистан и сите биле приведени во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, дека се познавале долго време, и дека од Украина влегле во земјата веднаш по почетокот на војната во 2022 година.

Освен државјанинот на Киргистан, другите осомничени кои се уапсени во Германија, исто така, од април 2022 година собирале пари за Исламска држава и во повеќе наврати ги префрлале на групата во странство.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије, Шведска и Финска ги започнаа преговорите за НАТО во Брисел

Следно

Официјално: Арда Ѓулер нов фудбалер на Реал Мадрид

Latest from Blog

Тоневски: Првачињата со голем интерес се запознаа со работата на Општината Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска оствари средба со најмладите жители на општината, кои имаа можност одблиску да се запознаат со работата на локалната самоуправа и со обврските на градоначалникот. На

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција – Јавните финансии ги водиме одговорно

8 октомври 2026, Скопје – Ребалансот на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на Владата за усогласување на буџетските проекции со новите економски услови и реалните текови во економијата до крајот
Go toTop