Уапсен соработник на Звицер: „Испрал“ милиони за Кавачкиот клан – еве како падна во рацете на полицијата

August 21, 2023
1 min read

Холандскиот државјанин Рамазан Кескин, осомничен за врски со црногорскиот Кавачки клан и перење пари за таа криминална група, е уапсен во Санкт Петербург, објавија руските медиуми.

Како што пренесува сајтот „dp.ru“, Кескин е осомничен за создавање меѓународна криминална организација и по него е распишана потерница по барање на Германија. Претставниците на судот во Санкт Петербург соопштија дека германските власти го обвинуваат наводниот шеф на криминална група за перење пари за разни картели, меѓу кои и Кавачки клан.

„За својата работа, соучесниците на Кескин добивале од 4 до 6,5 отсто од износот на трансферот. Најголем дел од злосторствата биле извршени во Холандија. Оттаму парите биле извадени во готово или преку Германија со трансфер во Турција, Русија , Колумбија, Парагвај и други земји“, пренесува овој портал.

Порталот „47news.ru“ пренесува дека Кескин е поврзан со организацијата на чие чело е Радоје Звицер. Се посочува бил извршен обид за атентат врз него, објави порталот. Се нагласува и дека засега не се знае каде се наоѓа Звицер.

-Според податоците на агенциите за спроведување на законот во Германија, соучесниците на Кескин од 2017 до 2020 година испрале повеќе од 12 милиони евра, пишува веб-страницата „dp.ru“.

Во Германија е распишана европска потерница. Кескин, кој исто така е турски државјанин, е уапсен на железничка станица во Санкт Петербург. Адвокатите на Кескин побараа тој да биде ослободен со кауција од еден милион рубљи. Тие тврдеа дека дејствијата опишани во барањето за екстрадиција не спаѓаат под ниту едно кривично дело според Кривичниот законик на Руската Федерација. Притвор е одреден до средината на ноември, додека не се реши прашањето за екстрадиција.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи очекува појаснување од Вучевиќ по изјавата дека признавањето на Косово ќе им се удри од глава на С Македонија и Црна Гора, реагираше и Рама

Следно

Краткотрајно невреме попладнево го погоди Велес, откорнати дрвја, падната бандера

Latest from Blog

Американците го фатиле клучниот учесник во нападот на нивниот комплекс во Бенгази (ВИДЕО)

Министерството за правда на САД објави апсење на клучна фигура во смртоносниот напад врз американски комплекс во Бенгази, Либија, во кој загинаа четворица Американци и со години длабоко ги подели САД. Зубајр

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи на социјалните мрежи по неговиот избор на оваа партиска позиција. Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи

Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,
Go toTop